ПРОДОЛЖУВА СЛУЧАЈОТ СО СПОРНАТА ДЕТСКА ХРАНА: Кашичките “јувитана” полни со пестициди, Таково ги повлекува од производство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што информираат од „Свислион Таково” трајно ќе се исклучат од производната програма 18 вида спорни детски кашички и сокови. Истовремено нејзините менаџери за српските медиуми не прецизираат што ќе се случува понатаму и дали ова производство ќе го преселат во друга држава

Компанијата “Свислион Таково”, во чии рамки е и фабриката “Јувијана# информира дека трајно ќе исклучи од производната програма 18 вида спорни детски кашички и сокови.

Како што информира Вечерње новости, за нив српското Министерство за здравство пред десетина дена побара да се повлечат од пазарот поради недозволено количество пестициди. Истовремено компанијата деновиве побара од веледрогериите, аптеките и продавниците веднаш да се повлечат сите видови од спорната детска храна, за да се складираат во централниот магацин на компанијата.

Менаџерите на компанијата за српските медиуми не прецизираат што ќе се случува понатаму и дали производството на кашичките и соковите ќе го преселат во друга држава.

Случајот за спорорната детска храна полна со пестициди почна на осми овој месец, кога српското Министерство за здравство објави дека се сомнева во здравствената исправност на одредени серии со конкретен рок на употреба од производството на “јувитана”.

Минатата недела дел од срспките медиуми информираа дека сопственикот на “Свислион Таково”, господинот Радољуб Драшковиќ, веќе ги испратил сите вработени на принуден одмор се додека не бидат спроведени сите анализи и тестирања за пронаоѓање на изворот на проблемот. Според нив компанијата престана со работа на 12 ноември годинава и најави дека производниот погон ќе го преселат онаму каде што ќе може да најдат соодветни суровини за производство.

Македонската Агенција за храна и ветеринарство тогаш ја информираше јавноста дека нема место за паника, бидејќи на македонскиот пазар нема ниту една од спорните серии кашички и сокови.

Според нив инспекторите направиле вонредна контрола во компанијата која ги увезува овие производи на македонскиот пазар, при што е констатирано дека ниту еден од спорните серии на производите “јувитана” не се наоѓаат на македонскиот пазар.

Од АХВ нагласуваат дека ќе продолжат и понатаму будно да ја следат состојбата за да навремено ги преземе потребните мерки.

Тогаш се огласи и компанијата Свислион Таково од каде соопштија дека сите нејзини производи “јувитана” во земјава се безбедни и изработени по сите светски стандарди. Според нив дозволените нивоа на пестициди се во склад со Правилникот за здравствена исправност на дијететските производи.

Суперанализата, направена во акредитирана македонската лабораторија, покажала дека сите производи се здравствено безбедни и исправни за употреба. Во соопштението беше наведено дека очекуваат извештаи од акредитираните лаборатории во земјите во кои се извезуваат кашичките за бебиња “јувитана”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This