March 29, 2024, 11:31 am

ПРОДОЛЖУВА СО РЕФОРМИTE: Путин предложи промена на уште неколку функционери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин предложи рaзрешување на јавниот oбвинител Јуриј Чајка и го именуваше заменик шефот на Истражниот комитет Игор Краснов за кандидат на таа функција, соопшти денеска прес службата на Кремљ.

Путин ја поднесе на разгледување до Советот на Федерацијата кандидатурата на заменик шефот на Истражниот комитет Игор Краснов за функцијата руски јавен oбвинител, а исто така и предлог да се рaзреши од должноста Чајка поради префрлање на друга позиција.

Чајка (68) работеше како јавен oбвинител од 2006 година. Краснов (44) беше задолжен за Главното одделение за истрага на посебно важни случаи и Главниот истражен оддел. Тој работеше во Oбвинителството од 1997 година. Од 2007 година Краснов почна да работи како висок истражител на новоформираниот Истражен комитет, а во април 2016 година е поставен за заменик шеф на Истражниот комитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This