Продолжува судењето за „Шпион“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кривичниот суд денеска ќе се одржи рочиште за предметот „Шпион“. Во предметот кој е од 2013 година, осудени се 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје. Апелацискиот суд лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.

Предметот „Шпион“ сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од редовното обвинителство.

Минатото рочиште за „Шпион“ беше одложено поради не присуство на првообвинетиот Маријан Ефремов на рочиштето.

Како што информираа неговите адвокати, Ефремов на 15 мај е хоспитализиран и задржан на болничко лекување.

Одложувањето на рочиштето беше на подолг рок за да им се овозможи на адвокатите да ги разгледаат дополнителните докази што на минатото рочиште ги достави СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This