April 19, 2024, 12:33 am

ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА НА ЗАЕВ: Времето ги демантира неговите изјави и ветувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една средба две толкувања. Според македонската влада, Заев добил ветување од Меркел за точен датум за старт на преговорите на Македонија со ЕУ во септември, а пораките од берлинските пратеници се дека Бундестагот допрва ќе решава, во септември, за евентуален датум. Дали работите се кристално јасни? Одговорот е не.


Имено, надежта што македонската влада ја претставува како датум, несомнено може да биде ново фијаско, што значи дека останува отворена опцијата за враќање на мандатот од страна на Заев, како што и самиот најави. Но дали тоа ќе се случи? Извори на Алфа од „Бихаќка“ велат дека предвремени избори нема да се распишат, односно ќе се чека септември па потоа ќе се решава. Тоа значи дека летово може да биде неизвесно.

А неизвесна станува и „метлата“, односно реконструкцијата. Со оглед на тоа што премиерот рече дека таа би била непотребна ако немаме датум, односно се распишат предвремени избори, значи дека и владиното „чистење“ ќе го чека септември. Тоа го предвидуваат и нашите извори од „Бихакќа“ кои, за сега, ќе го чекаат прво Заев назад во Скопје.

Заклучокот е дека ниту датумот е тука, ниту пак „метлата“ ќе се случи, што значи премиерот избоксува некој месец плус. Сепак кои ќе се следните официјални чекори ќе каже самиот Заев. Прашањето е дали и во што да веруваат македонските граѓани, кога лично премиерот цела измината година не уверуваше дека имаме датум?

-Македонија доби датум за почеток на преговорите, јуни 2019, ред е тоа да биде потврдени и од независната страна, Европската Комисија. Излезе и претседателот на Европскиот Совет заедно со мене на прес конференција, со брендирана позадина да го потврди тоа, комесарот Хан кој што е задолжен за преговорите, го потврди тоа неколкукратно и ќе дојде и во Македонија да го потврди тоа. Мислам дека е дeгyтaнтно да се негиpa до ден денеска фактот, дека Македонија доби датум за преговори, рече Заев, 2 јули 2018 година.

Една година подоцна, како и тогаш кога рече оти датум имаме, за него убавата вест ја сподели на социјалните мрежи. Тогаш „селфи“ со неговите министри, сега статус дека датумот е наш во септември.

Она што во овој момент е повеќе од јасно е дека македонскиот пат кон ЕУ е нecигурен, има дупки – како и голем дел од скопските улици. Чекорењето треба да е внимателно, прецизно, концентрирано. А без реформи, само со променето име шансите се еднакви на нула.

На сето ова стои уште една димензија: фактот дека Германија не е единствената пречка за старт на пристапните преговори. Против се и други влијателни земји членки како Франција и Холандија кои засега остануваат на ставот дека не сме подготвени пред се поради недостатокот на реформи и владеење на пpaвото. А нужни се и внатре-европски реформи за да може „куќата да прими младата невеста“ како што порача францускиот амбасадор во интервју за Алфа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This