ПРОДОЛЖУВА OCПОРУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И ЈАЗИК: Македонскиот јазик бил спој на српска лексика и на бугарска граматика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изјавата на Зоран Заев дека Македонците се обиделе да присвојaaт туѓа историја, се јави и српски лингвист, според кој македонскиот јазик бил мешавина од српскиот и од бугарскиот.

„Мора да се каже дека Блаже Конески, творец на новиот македонски јазик, направил некој вид идеален спој меѓу два јазика – ја зел српската лексика, а бугарската граматика. Меѓутоа, Македонците на писателот Анѓелко Крстиќ (1851-1952) му нуделе да биде претставник на македонскиот реализам и модерна книжевност и тоа е најдобар показател дека во тоа време јужните српски говори и македонските воопшто не се разликувале. Тоа што се нарекувало македонски јазик од повеќето српски лингвисти, посебно од дијалектолозите, сметано е за српски. И денес голем е бројот на оние што сметаат дека македонскиот е српски народен јазик“, вели лингвистот Милош Ковачевиќ за српскиот весник „Вечерње новости“.

Според него, Бугарите го присвојуваат македонскиот јазик и го третираат како бугарски дијалект поради тоа што „во основата на тој јазик е бугарската граматика“.

„Комунизмот ја создал не само македонската, туку и црногорската нација. И во тоа време овие прашања беа речиси забранета тема. Мислам дека и денес имаме многу поголеми проблеми со српскиот јазик, па Македонците речиси воопшто не ни се интересни. Покрај сите можни проблеми што ги имаме со српските идентитетски национални критериуми, кои се однесуваат на лингвистичката суштина на српскиот јазик и на односот кон она што се нарекува црногорски, босански и хрватски, да се вклучува пpoблемот и на македонскиот е непрактично, без оглед на тоа колку историски основи постојат. Сепак, тоа е тип на јазик од Србите не би смееле во вистинска смисла историски и дијалектолошки да се одречат“, смета редовниот професор по современ српски јазик на Филолошко-уметничкиот факултет во Крагуевац.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This