ПРОЕКТОТ „КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ ПРОДОЛЖУВА: Антонио Милошоски најави продолжување на проектот за нови четири години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проектот „Купи куќа за млади“ ќе продолжи и во следните четири години, најави носителот на листата кандати за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

antonio-milososki-640x355
На денешната средба со битолчани, Милошоски појасни дека се зголемува возрасната граница на заинтересирани лица за овој проект, односно лица повозрасни од 35 години.

– Предвидуваме проектот да го користат и лица на возраст над 36 години, а тоа значи дека Владата на Република Македонија за лица кои ќе имаат кредит за изградба на својата куќа, во првите 7 години ќе им исплаќа 65 отсто од ратата, камата и главница и во следните 3 години ќе им исплаќа 35 отсто од таа рата. Доколку на почетокот потребата е поголема тогаш барателот ќе добие 100-процентнта поддршка по однос на уплатата за влогот што треба да го даде при подигањето на соодветниот кредит. Сметаме дека на ваков начин поголем број луѓе, а не само тие до 35 години, туку и тие над 36 години ќе успеат да ја искористат поволноста за изградба на своја куќа, рече Милошоски.

Коалицијата „За подобра Македонија“ вечер во Битола ќе одржи предизборен митинг на кој ќе бидат претставени кандидатите за пратеници од изборната единица бр. 5.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This