ПРОЕКТ НА ВЛАДАТА НА Р.МАКЕДОНИЈА: Ќе се формира паралелен државен ансамбл за Албански народни песни и ора!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од наредната седмица се очекува Владата да го одобри основањето на албанскиот државен ансамбл за песни и ора. Државниот секретар при Министерството за Култура, Валмир Азири, во изјава за Телевизија 21 вели дека одлуката е донесена, но се очекуваат последните консултации за формирањето на законот за овој ансамбл да функционира беспрекорно – пренесува „Република“

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Првиот годишен буџет, земајќи ги предвид платите, инвестициите во костимографијата, инструментите и практичниот дел, е околу 800 илјади евра. Но, ова се буџети кои варираат зависно од потребите кои се појавуваат во текот на формирањето на оваа институција, вели Азири за ТВ 21.

 

[/kopa_block_quote]

Музичарот, Емин Салихи не се согласува со тоа ансамблот да биде во Тетово и бара тој да биде во Скопје, поради тоа што седиштето на секој државен ансамбл е во главниот град.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

-Сите државни ансамбли се наоѓаат во главните градови, како што е Шота во Приштина и Танец во Скопје. И кај нас државниот ансамбл треба да биде во Скопје. Но треба да има дебата и заедничка средба на културните здруженија, уметниците, игроорците, музичарите, за тие да бидат избрани преку комисиите, а не со врски, смета Салих.

 

[/kopa_block_quote]

Државниот секретар, за ТВ 21 истакна дека моделот за овој ансамбл е земен од македонскиот ансамбл, Танец, а истиот треба да ги прикаже и албанските вредности на сите населени места каде што живеат Албанци во Македонија. Тој вели дека ансамблот ќе биде во Тетово поради практични причини, поради тоа што таму се наоѓа домот на Култура.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This