Проект на ООУ „Лазо Трповски“ награден на Меѓународен натпревар во Берлин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ од општина Карпош освоија награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2016, кој годинава се одржа во Берлин, Германија.

Заедничкиот проект изготвен од вкупно 40 ученици од 3а, 4а и 4б одделение „Патуваме во вселената“ беше координиран од училишен тим составен од шест наставници во својство на ментори: Оливера Маџоска, Александра Неделковска-Петровска, Розета Сугарева, Јагода Ололовска, Олгица Каскаревска и Стефан Симовски.

Проектот на учениците од ова скопско училиште се пласира меѓу десетте најдобри проекти на натпреварот и за својот пласман наградените добија соодветни дипломи и трофеј (автентичен модел на патнички авион Ербас Белуга во размер 1:200).

Натпреварот го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС (во чиј склоп влегува и познатиот производител на патнички авиони Ербас).

Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение ја донесе деветчлено стручно жири. Подетални информации во врска со натпреварот може да најдете на официјалната веб-страница на организаторот на натпреварот www.skyfuture.de

Учеството на овој меѓународен натпревар ООУ „Лазо Трповски“ го реализираше како воннаставна активност. Наградите на учениците ќе им бидат врачени на 29 септември во 11 часот, во просториите на училиштето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This