ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:Враќање на работното време од 7 до 15 часот во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија веќе неколку години има иницијатива од синдикалците, но и од дел од граѓаните за промена на работното време.

od-7-do-3-0314

Вработените во министерствата, агенциите, дирекциите и другите државни институции во Црна Гора од следниот понеделник ќе одат на работа од 7 до 15 часот, наместо од 9 до 17 часот како досега. Црногорската Влада официјално донесе одлука од 27 март да го врати старото работно време на државната администрација, три години откако тогашниот министер за внатрешни работи Рашко Коњевиќ поднесе таква иницијатива. Министерот ја поднел иницијативата поттикнат од внатрешна анкета меѓу вработените во црногорското МВР која покажала дека најголем дел од нив се за враќање на старото работно време од 7 до 15 часот.

– Ова работно време ќе резултира со поефикасно завршување на работните обврски, но и за зачувување на семејството како основна клетка на општеството – е образложението за промената на работното време во Црна Гора.

И во Македонија веќе неколку години има иста иницијатива од синдикалците, но и од дел од граѓаните. Ова барање пред два месеца повторно го актуелизираше група граѓани, кои преку онлајн петиција адресирана до Владата, релевантните министерства и институции побара воведување на работно време од 7 до 15 часот. Но, ниту една надлежна институција не ја стави оваа петиција на разгледување.

– Тоа значи поголема посветеност на работата бидејќи човековото тело и човековиот ум се поефикасни во утринските часови. Исто така, тоа значи поголема заштеда на електричната енергија (во лето за ладење, а во зима за греење), но и поголема посветеност на семејството, а посебно со цел поголема улога и одговорност во правилното воспитување на сопствените деца – пишуваше во петицијата.

Неодамнешната анкета на Факултети.мк за работното време покажа дека мнозинството Македонци сметаат дека работниот ден во земјава треба да се намали на шест, наместо сегашните осум часа. Скратувањето на работното време, сметаа анкетираните, ќе ја зголеми продуктивноста на работниците, а ќе ги намали трошоците на работодавците.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This