„Промените започнаа, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за еден месец започнаа со градба градинки, училишта, улици, спортски терени“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По само еден месец, откако завршија локалните избори, граѓаните можат да ги видат промените и новиот пристап на работа од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Започнаа со реализација на голем дел од ветените над 14 илјади проекти во програмите за локалните избори. Граѓаните се сведоци на секојдневните активности на градоначалниците се со цел подобрување на условите за живот. За само еден месец се започна со изградба и реконструкција на десетици улици и булевари, водоводни и канализациони мрежи, како и други капитални проекти кои се од голема важност за граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека грижата за животната средина и намалувањето на загадувањето е еден од приоритетите за ВМРО-ДПМНЕ.

– Во секоја општина се чистат големите депонии, се посадуваат голем број на садници и се зголемува шумскиот фонд, додека општина Аеродром започна со монтирање на фотоволтаици во основните училишта и дел од градинките. Долгогодишниот проблем со кои се соочуваа граѓаните, легализација на нивните домови, започна системски да се решава. Доделени се илјадници нови решенија за легализација во повеќето општини, како Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Велес, Штип. Во општина Битола при крај е изградба на трибината на фудбалскиот стадион „Под Тумбе кафе“, во општина Илинден во завршна фаза е новото основно училиште, додека во општина Аеродром се пушти во употреба целосно реконструиран спортски центар, се вели во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се во секојдневна комуникација со граѓаните, преку отворените денови во општините, како и преку средби во месните и урбаните заедници.

– Народот ја даде довербата на последните локални избори за проекти и промени. Преку глава им е на граѓаните од лажни ветувања, неработење, криминал и корупција од Зоран Заев и СДСМ, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This