ПРОМЕНИ ВО ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ: Ќе има повеќе Албанци на изборната листа на СДСМ на претстојните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за дијаспора од редовите на СДСМ Едмонд Адеми во телевизиско гостување на ТВ21 изјави дека неговата партија за следните парламентарни избори ќе вклучи повеќе Албанци на изборните листи во споредба со претходните во 2016 година. Во моментов СДСМ во Собранието има тројца пратеници Албанци – Мухамед Зекири, Ѓулсер Касапи и Агим Муртезани.

Сѐ уште е рано, но сигурен сум дека на изборната листа на СДСМ за изборите на 12. април, ќе има повеќе Албанци. Кога ќе дојде времето, ќе ги објавиме, рече министерот синоќа во телевизиското студио.

Пред изборите во 2016 голем број на етнички Албанци се приклучија во членството на СДСМ, а оваа партија благодарение на гласовите од припадниците на втората најголема етничка заедница во Македонија загуби за само околу 20.000 гласа помалку од ВМРО-ДПМНЕ и потоа фомира коалиција со ДУИ.

СДСМ од 2016 година па наваму, се смета за граѓанска партија, а тоа го докажа и на терен и со средбите, и со гласовите што ги оcвои. Не велам дека би ја водел кон тој правец дека е македонска партија која треба да коалицира со албанска партија, бидејќи во Владата на РСМ, имате четири главни албански партии во коалиција, односно СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива, рече Адеми.

Тој додаде дека СДСМ ќе ги добие и овој пат албанските гласови затоа што, како што вели тој, го подобриле стандардот на сите граѓани.

Станува збор за факти и аргументи за тоа што го имаме сработено за овие две и пол години. Секој граѓанин на РСМ и Албанците имаат пред се економски, социјални потреби кои прават суштински промени. СДСМ ги покачи платите колку што можеше. Доколку се сеќавате во тие 11 години на ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата беше 8.800 денари. Денеска минималната плата е 14.500 денари, а исто така и просечната плата, како и зголемување на социјалната помош од 300 отсто, рече Адеми на гостувањето

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This