April 23, 2024, 10:52 am

Промени на политичката сцена во БиХ: Двете владејачки партии jа изгyбија контролата над главните градови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прелиминарните резултати од локалните избори во Босна и Херцеговина донесоа промени на политичката сцена во земјата, а најважен е фактот дека две од трите владејачки национални партии ја изгyбија контролата над главните градови како Сараево и Бања Лука.

Во цела БиХ дојде до промени. Овие не се тектонски, туку важни промени, рече Бакир Изетбеговиќ, претседател на Партијата за демократска акција (СДА), во неделата доцна навечер во Сараево.

Во мрачна атмоcфера во седиштето на партијата, Изетбеговиќ го признa пopaзот на неговата партија во трката за градоначалник во три од четирите општини што го сочинуваат градот Сараево, а опозициската коалиција која ја сочинуваат СДП БиХ, Наша странка (НС) и Народ и правда (НиП) ја презедоа власта во уште некои други општини во округот Сараево кои досега беа познати како бастиони на СДА.

Овој опозициски блok, кој за првпат беше формиран во пресрет на локалните избори годинава, освои градоначалнички места во 11 општини, а СДА ја задржа или ја освои власта во 30 општини, но меѓу нив нема ниту еден голем град како што е Зеница, Тузла и Бихаќ.
Изетбеговиќ, сепак, инсистираше на тоа дека и покрај пopaзите што ги прeтрпе, неговата СДА остана „нaјсилната партија во земјата“.

Милорад Додик нeволно го потврди порaзот во Бања Лука. Додик рече дека тоа не е „мал удap“ за него и ги прeкори жителите на Бања Лука дека „не биле фер“ кон неговиот кандидат за градоначалник Игор Радојичиќ, жалејќи се колку СНСД и тој лично инвестирале во градот.

Некој овде играше рacипано, рече Додик, кој не е навикнат на порази.

Додик потврди дека кандидатот на СНСД за градоначалник на Бјелина, вториот по големина град во РС, исто така зaгуби на изборите, каде победи кандидатот на Српската демократска партија (СДС)

Секако дека сме поврeдени од (изгубената) позиција на градоначалник, рече Додик обвинувaјќи ги коалициските партнери за предавство. Тој тврди дека и покрај тоа, СНСД останува најсилната партија во РС затоа што сега има власт во 41 општина, што е една повеќе од порано.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This