Променливо облачно со сончеви периоди

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег кои до утринските часови врнежите ќе престанат.

Минималната температура ќе се движи од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од утре следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This