– Претпладне по одделни котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планините од слаб снег кои до утринските часови врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе се движи од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 10 степени. Од утре следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка
претходниот член,Готови за само 15 минути: Неодоливи пица-мафини
Следната статијаЧај или кафе? Омилениот пијалок открива многу за вашиот карактер
Latest News
Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?
Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...