March 28, 2024, 12:05 pm

Пронајдени 10 мигpaнти на автопатот Куманово – ГП Табановце кај „Чифлик“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Сопот на 27.06.2020 во 19.45 часот го привеле Ф.Ш.(36) од Штип, осомничен дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

Од МВР појаснуваат дека при обид да застанат патничко возило „ауди А6“, со битолски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, тој го напуштил местото на настанот.

– По кратко време Ф.Ш. бил лишен од слобода, а во близина на железничка пруга, на место викано „Чифлик“, биле забележани 10 лица-мигранти. Од нив седум избегале, а задржани биле М.Џ.(23) од Бангладеш, А.А.(30) од Јемен и М.А.(29) од Сирија, кои потоа се сместени во Транзитен центар Табановце, додека Ф.Ш. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се наведува во соопштението од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This