April 20, 2024, 10:39 am

ПРОНАЈДЕН БУНКЕР СО СТРАНСКО ОРУЖЈЕ НА ТЕРОРИСТИТЕ: Сириската армија пронашла израелско оружје наменето за терористи во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кон крајот на април, неколку сириски воени бази беа погодени од ракети во провинциите Хама и Алепо, а некои медиуми укажуваа дека Израел може да биде зад нападите – Тел Авив, сепак, одби да коментира за инцидентот.

Додека Израел во неколку наврати изрази загриженост во врска со вклучувањето на Иран во Сирија и воената помош која ја дава на сириската влада, се чини дека сириската армија идентификувала и запленила огромен товар израелско оружје, муниција, експлозив, како и дигитална опрема и дрога, наводно наменета за терористите во северното предградие на Хомс.
По офанзива на сириската влада против милитантите јужно од Дамаск, сириската војска откри уште една складиште на оружје изработено во Израел и хемиски материјали, скриени во мрежата на тунели во областите на Ал Хајар ал Аслад и Могадам.

Минатиот месец Сириската арапска новинска агенција (САНА) извести за експлозии во близина на градовите Хама и Алепо, односно ракетни напади на депоата за оружје, кои, наводно, биле користени од страна на силите поддржани од Иран. Во извештајот на израелскиот весник Хаарец се наведува дека ИДФ би можел да биде одговорен за инцидентот, повикувајќи се на министерот за одбрана, Авигдор Либерман, велејќи дека Тел Авив има право да дејствува во Сирија.

Меѓутоа, кога зборуваше со Спутник, портпаролка на ИДФ, одби да го коментира нападот.

Ова не е првпат Израел да биде осомничен напад на цели во Сирија, бидејќи тензиите меѓу двете земји дополнително ескалираа: на 9 април израелските борбени авиони го погодија аеродромот Т-4 во провинцијата Хомс, при што загинаа 14 лица, меѓу кои седум ирански воени советници, според руското Министерство за одбрана.

Во февруари, израелските воздухопловни сили извршија напад врз истата воздушна база, и погодија 12 сириски и “ирански воени цели” на Т-4.
Според неодамнешниот извештај на Си-Ен-Ен, во врска со неименуван извор во американската администрација, разузнавачките служби се сомневаа дека Иран можеби префрла оружје во Сирија, откако САД, Франција и Обединетото Кралство лансираа над сто проектили во воената операција, како одговор на наводната употреба на хемиско оружје од страна на владините сили во Дума.

Кон крајот на февруари, САНА објави дека сириската војска открила магацини во Деир ез-Зоор исполнети со оружје и муниција, вклучувајќи ги и оние изработени во Израел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This