Пронајден иcчезнaтиот Александар Черговски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пронајден исчезнатиот 39-годишен беровчанец Александар Черговски кој по пријава од Интерпол од Германија го бараше секторот за меѓународна полициска соработка при МВР.

Информацијата за пронаоѓањето на Черговски ја соопшти неговиот внук Кирил Черговски.

– Почитувани пријатели, сакам на сите да ви се заблагодарам за секое споделување во врска со мојот чичко Александар, со помош на вас успеавме во рок од 24 часа да го пронајдеме и воспоставиме контакт, ви благодарам на сите уште еднаш за секоја ваша споделена објава и искажана молитва. Господ е голем, ви благодарам уште еднаш, се вели во објавата на внукот Кирил Черговски.

Семејство преку социјалната мрежа Фејсбук, изрази загриженост дека лицето Александар Черговски, кој требал да пристигне од Германија во својот дом во Берово, откако ја поминал границата „Табановце“, му се губи секоја трага. Тој од Германија излегол на 18.02.2021 год. Последна информација за него беше дека ја преминал МКД граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се изгуби секоја трага.

Потрагата по 39-годишниот беровчанец по пријава од Интерпол од Германија ја вршеше секторот за меѓународна полициска соработка при МВР кои по неколку направени контакти вршеа проверки на неколку локации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This