ПРОНАЈДЕН НОВ ОРГАН ВО ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО: Интерстициум, нов орган во човековото тело, најголем досега!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До денес се сметаше дека човековото тело има 79 органи. Но научниците неодамна откриле необична појава која би можела да биде орган, а би можела значајно да влијае многу на тоа што го знаеме за медицината

За работата да биде поинтересна, според новото истражување објавено во магазинот „Научен извештај“, новооткриениот орган истовремено е важен и за функционирањето на телото и е најголем орган во телото.

Голем, а невидлив

Како е можно научниците да не го виделе до сега, дури и ако е поголем од кожата?

Новиот орган е составен од мрежа на канали исполнети со течност, а на англиски е наречен интерстицијум.

Инстерстицијум инаку во медицинските кругови е вообичаен назив за простор помеѓу станиците во кои се наоѓаат гелови, односно течности во колиноидна состојба. Низ тој простор се движат и мноштво исцедоци од станиците – од хормони до трансмитери – кон другите станици.

Научницете веројатно претходно не го виделе овој орган, затоа што во прилика на вообичаеното земање на примерок од течност, мрежата се руши. На тој начин мрежата станува како цврста ќелиска мембрана од заштитно ткиво, наместо заштитна перница исполнета со течност.

„Мислиме дека делува како амортизер за удари“, вели Тхиесе.

Трансмитер на тумори

Меѓутоа, научниците сметаат дека оваа мрежа на интерстицијум исто така би можела да пренесува тумори. Имено, анализиата на примерокот од луѓе со инвазивни тумори покажува дека станиците на ракот, кои се прошириле од изворното ткиво во кое настанале, би можеле да го најдат патот преку оваа мрежа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This