ПРОПАГАНДАТА ПУШТЕНА НА МАКСИМУМ: Заев се јави од авион за да ја претстави блокадата како имагинарна покана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерскиот совет на ЕУ доцна попладнево донесе конечна одлука за блокада на процесот на отварање на преговори за Македонија и Албанија, а следното разгледување на ситуацијата и одлука за тоа дали ќе се започне со преговори ќе се договара на следниот министерски совет во 2019. година

Според заклучокот од состанокот на министрите, Македонија има проблем со владеењето на правото, корупцијата и организираниот криминал, а новата Влада само придонела овие три точки особено да се влошат.

Но, пропагандата на владејачката партија не спие, па пи-ар експертите го натерале Заев да направи селфи во службениот авион, претставувајќи го дебаклот како победа.

„Во авион штотуку примив одлична вест…
Република Македонија доби датум за старт на преговори за членство во ЕУ !

Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019г. да започнат преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ.“ – напиша Заев на социјалните мрежи

Македонија денеска остана без одлука за датум за преговори. Наместо тоа, Советот реши повторно да го разгледа напредокот идната година, иако направи компромис и поради договорот со Грција додаде дека ако се исполнети сите реформи идната година во јуни можеби ќе добиеме датум за преговори.“ – стои во текстот кој го објави Заев.

Секако, ништо од напишаното не е така, имајќи во предвид дека датум за преговори не е определен, нема определено ниту почеток на разговори за тоа како да изгледаат преговорите. Единствен заклучок е дека следната година повторно ќе се разгледува дали да се започнат преговорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This