ПРОПАДНАА ПРЕГОВОРИТЕ НА ВЛАДАТА СО ПАЗАРЏИИТЕ: Владата не успеа да ги наговори пазарџиите да го прифатат законот и да предложат измени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту денеска владините претставници не успеаа да ги наговорат трговците да седнат на заедничка маса и да го изменат Законот кој е одложен на една година, пишува Алсат М. Претставникот на пазарџиите Маја Стојановска за телевизија Алсат вели дека демонстративно го напуштила состанокот бидејќи пазарџиите бараат укинување на постоечкиот и пишување на нов Закон за трговија на зелените пазари.

Стојановска вели дека од владините советници добила и закани, ако не попушти на пазарите ќе врие од инспектори. Пазарџиите побарале и да се намали цената на паркингот околу зеленото пазарче во Скопје, но од владата тоа експресно го одбиле.

Во време кога пазарџиите се во кавга со власта и подготвуваат генерален штрајк, вчера Владата на седница донесе одлука да не даде мислење за спорниот предлог Закон за престанување на важење на Законот за зелени пазари со оправдување дека веќе е донесена одлука која треба да го пролонгира рокот за стапување во сила на законот за јануари наредната 2020 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This