ПРОПАДНА НАЈАВЕНИОТ ПРОТЕСТ НА ОМД: Никој, освен полицијата не се појави на протестот најавен од ОМД пред грчкиот конзулат во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Дрво без корен нема, па така и државата без минато нема ниту иднина“, .„Не дозволувајте Грција да ја избрише нашата историја. Бидете дел од креирањето на нашата сопствена иднина“ – со вакви пораки Обединетата Македонска Дијаспора повиуваше на мирен протест пред канцеларијата за врски на Грција во Скопје, но на закажниот термин никој не се појави

 

Освен силно полициско обезбедување, кое броеше неколку десетици униформирани полицајци, и уште толку специјални единици, денес пред грчката канцеларија за врски не се појави никој од ОМД, на протестот кој го закажаа во 19.00 часот. 

Според повикот на ОМД, беше планирано да се запалат свеќи во чест на сеќаањето на жртвите на Македонскиот геноцид од страна на Грција во Егејска Македонија, но од свеќи, ништо.

Ова не е прв пат со вакви лажни повици да се дефокусира јавноста, која е силно сензибилизирана кога станува збор за договорот со Грција и насилната историја врз Македонскиот народ.

Која е причината за неодржување на протестот, одговор не успеавме да добиеме.

„ОМД е американска инсталација. Беа дел од СДСМ, го славеа Глигоров, беа дел од шарената револуција, демонстрираа пред македонските амбасади на прсти да ги броиш против владата на ВМРО. Немаат никаде ограноци или обединето во нив организации, освен поединци. Настојуваа да си ги присвојат сите протести годинава, иако безуспешно. Откако ја изгубија довербата од сите, сега иницираат вакви протести. Постојат други организации кои уште 1999 го прогласи 10 август за Светски ден за семакедонско помирување и обединување, наспроти поделбата окупацијата и геноцидот од букурешкиот договор 10 август 1913“ – коментираат познавачина приликите кои сакаа да останат анонмни.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This