ПРОПАДНА ПРОТЕСТОТ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ДЕЛИ ПАРИ: По фијаското, општина Центар со повеќе пари ќе ги мотивира платениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Буџетот на Општина Центар и пред декемвриските избори повторно ќе служи за задоволување на партиските потреби на најголемата опозициска партија СДСМ. Откако маршот на Заев пропадна, СДСМ лукративно ќе ги крева членовите во пресрет на изборите, пишува порталот Денешен.
opstina-centar640

На последната седница на Советот на Општина Центар, советниците на СДСМ донесоа одлука за финансиска стимулација на невладини организации и новинари кои беа дел од организацијата на маршот на СДСМ/Сорос.
tri-1-640x1138

Невладината организација на новинарите Томислав Кежаровски и Емилија Лазаревска, „Центар за професионално и истражувачко новинарство“, од Општина Центар добија простории на користење, а на поголем број други невладини организации им беше доделена финансиска инјекција во пресрет на изборите.
dva-1-640x1138

eden640-640x932

Освен директната финансиска помош на невладините организации од кои СДСМ/Сорос очекуваат поддршка во предизборниот период, Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) донесе одлука за вработување на поголем број лица од кои најголемиот дел партиски активисти на СДСМ.

-Имено, од пред неколку дена во претпријатието со кое директорува Саша Богдановиќ, кој инаку е претседател на општинската организација на СДСМ Центар, меѓу другите на неопределено се вработени Дарко Конески- долгогодишен активен член на СДММ, Фуад Шабановиќ- роднина на на Елвир Шабановиц кој е активен член во СДММ, Бранислав Остојиќ- член на СДММ и Тодор Јаневски- член на СДСМ Центар, објави Денешен.

СДСМ го претвори ПОЦ во најоптоварената партиска фирма каде на државен трошок се вработуваат синови и ќерки на партиски функционери.

Од неодамна во ПОЦ е вработен синот на Љубомир Фрчкоски, 23 годишниот Јон Фрчкоски. Младиот Фрчковски е на работната позиција Оператор на паркинзи. Медиумите веќе пишуваа дека во ПОЦ била вработена и Катерина Иванова Бекири, сопруга на Захир Бекири Чауш, член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев кој креираше фабриката за афери на СДСМ.

Во Паркинзи Центар директорот Богдановиќ за раководител на сектор го поставил својот кумашин Ѓорѓи Димитриевиќ, а главен на внатрешна контрола е бившиот советник на СДСМ во општината Александар Цветановски Бабуш. Во претпријатието на работна и позиција е и братот на Дејан Тодоровски Гзе, а ќерката на неговата сопруга е вработена во општина Центар. Во ПОЦ работи и поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This