ПРОПУСТ НА НАДЛЕЖНИТЕ ВО ГРАДИНКИТЕ: Не се примаат деца со сипаници, но затоа никој не води контрола за децата болни од вируси и бактерии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради појавата на морбили кај дванаесет деца министерот за здравство Венко Филипче прогласи епидемија во државата. Таквата ситуација доведе до наредба во градинките да не се примаат деца без приложена потврда за вакцинација.

За ова има и решение кое е испратено до градинките од страна на надлежните.

Ваквата ситуација само отвори повеќе прашање кај родителите. Имено овде се појавува прашањето каква е всушност состојбата на градинките во државата кои се под капа на МТСП и Мила Царовска?

Но, родителите многу често се жалат дека градинките се извор на зарази.

-Децата се разболуваат, но никогаш не ни се примаат во градинка без потврда дека не се носители на бактерија или вирус, сведочат родители од Карпош и Центар.

Додека пак родитетилите од Аеродром говорат сосема друго друго, што покажува дека не е исто во сите градинки и тоа не само во Скопје, туку и во една општина.

-Во градинката каде ја носам ќерка ми, родителите се бунат и велат дека децата мора да им ги примаат бидејќи нема каде да ги носат, нема кој да им ги чува. Затоа сум приморана често моето дете да го чувам дома, зошто штом оди во градинка се разболува, сведочи мајка на тригодишно дете. Таа порачува дека мора да има иста политика за сите деца во цела Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This