ПРОПУСТ САМО КАЈ ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ ЗА ДРУГИТЕ НИ ЗБОР: Извисени и изгнорирани „Скопски џез фестивал“, фестивалот „Пеце Атанасовски“, Оф-фест и други

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за фолклор, музичко-сценска дејност на денешната прес конференција соопшти дека утврдила дека е направен пропуст со апликацијата за детскиот фестивал „Златно Славејче“.

фото: SDK.mk

Според претседателот на комисијата Плеурат Гаши, пропустот го лоцирале откако им беше наложено уште еднаш да ги проверат одбиените проекти. Првично комисијата утврдила дека апликантот нема потврда за простор каде ќе се одржи фестивалот, но по вчерашната проверка, утврдиле дека таков документ бил уредно доставен.

Комисијата ги разгледала и апликациите на Скопски џез фестивал, Оффест, Авалон продукција, фестивалот „Пеце Атанасовски” и уште неколку други. Но, таму повторно констатирала дека нема целосна документација. Гаши најави дека доколку министерот Асаф Адеми одлучи да даде дополнителен период за да се комплетираат документациите на овие апликанти, комисијата е подготвена повторно да ги разгледа предметите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This