ПРОСЕКОТ НА ПЛАТА ВО ОВАА ИНСТИТУЦИЈА Е 3 ИЛЈАДИ ЕВРА: Тука големите плати станаа уште поголеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ревидираниот извештај на „Македонски Навигации“ за 2018 уште еднаш покажа дека ова друштво во државна сопственост кое го контролира воздушниот сообраќај е едно од местата каде што се заработуваат најголемите плати во Македонија,а згора на тоа доходите и другите трошоци за вработените за една година се зголемиле за нешто повеќе од милион евра, пренесува Фактор.

Во билансот на М-Нав за трошоците за плати и други лични примања се наведени трошоци од 698 милиони денари, односно 11,5 милиони евра. Претходната 2017-та исплатата на приходите била 635 милиони денари. Тоа значи дека во прашање е разлика од нешто повеќе од еден милион евра за компанија со околу 300-тини вработени. Само во делот на нето-плати разликата е 42 милиони денари. Тоа значи дека во просек за секој вработен се исплаќа личен доход од околу 3.000 евра.

Во претходните неколку години немаше радикално зголемување на најголемиот трошок на „Македонски навигации“ и исплатените плати, придонеси, даноци, дневници и патни трошоци се движеа блиску над границата од 10 милиони евра. Од таму објаснуваат дека зголемените издатоци за плати последната година се должи на тоа што на работа во М-Нав се примени дополнителни работници.

„Ве информираме дека нашето Друштво има реализирано вкупно 21 нови вработувања во 2018 година. Потребата за овие вработувања се наметна како резултат на зголемениот обем на авиосообраќај во РСМ во последните 2 години, што претставува пораст од 30 отсто“, гласи одговорот од службата која врши контрола на летови и други услуги.

Додаваат дека можност за дополнителни вработувања, како што велат од таму, се отворила по големиот раст во изминатиот период на македонскиот воздушен сообраќај и зголемените приходи следствено на тоа.

„Реализираните вкупни приходи во 2018 година во однос на последните 2 години исто така бележат значителен пораст од 31,12%. Нови вработувања на контролори на летање како клучни носители на услугите на воздухопловната навигација немало во последните 12 години. Воедно, значителното зголемување на сообраќајот резултираше и со реструктуирање и дополнувања со професионален кадар и во другите 2 сектори на АД М-НАВ Скопје“, се дополнува во одговорот кој го добивме.

Оваа компанија има овластување од државата Република Македонија да го одржува редот на македонското небо и да ги организира и диспечира прелетите. Токму за тоа и наплаќа такси од сите оние авиокомпании чии воздухоплови прелетуваат низ нашата воздушна територија. Најголемиот де од приходите главно се трошат за плати, а малата добивка се пренесува како дивиденда на својот единствен акционер Владата на Република Македонија што е вообичаена пракса.

Приходите од прелети, слетувања, контрола, осветлување и други услуги се 1,04 милијарди денари и тие се поголеми за 103 милиони денари во однос на 2017.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This