April 25, 2024, 10:29 am

ПРОСЛАВА НА КИНЕСКАТА НОВА ГОДИНА:Еве како ја дочекаа годината на свињата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеското министерство за железници предвидува дека патниците на копно ќе остварат 413 милиони патувања во тринеделниот период околу празниците.

Азија ја дочека лунарната година на свињата во вторникот со посети на храмовите, семејни банкети и најголемото патување во светот.

Прославите се одржаа низ целиот регион, од Пекинг и Сеул до Ханој и Сингапур.

Улиците во Пекинг и другите големи кинески градови беа тивки и празни откако милиони луѓе заминаа за да ги посетат своите роднини или да патуваат во странство за време на најголемиот годишен одмор на семејството.

Семејствата се собраа дома на повеќегенерациски банкети. Компаниите, продавниците и владините канцеларии се затворени за официјални празници, кои траат од два дена во Јужна Кореја до една недела во Кина.
Верниците со часови стоеја во ред во хонгконшкиот храм Вонг Таи Син за да ја пречекаат новата година со осветлување темјан.

Лана Вонг, истакната актерка од Хонгконг, носеше костим на свиња за настанот.

„Мојата прва желба е за светски мир”, рече Вонг. „Секој има храна за јадење, вработување и куќи за живеење. Старите лица исто така се надеваат дека владата подобро ќе се грижи за нив”.

Во Пекинг, изведувачите во традиционални носии на династијата Кинг на изгрејсонце изведуваа жртвен обред во храмскиот парк на кинескиот главен град .

Исто така настапија и акробати и тапанари. Продавачите продаваа играчки со британскиот цртан лик Пепа Пиг, кој ужива голема популарност за годината на свињата.

Кинезите ја прославија новата година со милијарда огномети. Во вторникот, во експлозија во нелегална продавница за огномет во јужна Кина загинаа пет лица. Инспекторите велат дека била предизвикана од огнометот кој го започнал продавачот пред продавницата.

Во Бангкок, луѓето палеаа мирисни стапчиња и гореа хартиени пари и други симболични понуди за починатите роднини, и покрај тоа што властите апелираа да не го прават тоа поради смогот.

Во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, посетителите оставија букети цвеќе на статуите на поранешните лидери Ким Ил Сунг и неговиот син, Ким Џонг Ил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This