ПРОСТИТУТКА ЗА ЧЕСНОСТ, СДС ЗА КОРУПЦИЈА: Општина Карпош со остра реакција на лагите на СДС!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој за што зборува? Проститутките најчето зборуваат за чесност, војникот зборува за скратување на воениот рок, а СДСМ зборува за корупција. Веројатно поучени за сопственото искуство од нивниот лидер Зоран Заев кој функционира по принципот едно евро за црквата, едно кај Вицето. СДСМ треба да престане да ги засмејува граѓаните дека еден убав сончев ден кога ќе дошле на власт, ќе работеле отчетно, чесно и во интерес на граѓаните.

Кога СДСМ дал отчет за своето работење во Карпош? Кој нивни градоначалник дал отчет за работењето? Освен отчетот на градоначалникот Јакимовски од 2013 година, досега ниту еден градоначалник од СДСМ не дал отчет на своите граѓани. А што би дале во отчетот?

Веројатно не мислат отчет да им даде Шекеринска која земаше за својот стан во Тафталиџе 5.600 евра кирија месечно. Ќе дадат ли отчет таа и нејзиниот сопуг Бобо, зошто банкротираше Дајнерс? Би било добро СДСМ да им даде отчет на граѓаните на Центар зошто четата на митаџиите од Општина Карпош ги префрлија кај Жерновски, а сега и тој не им чини. Веројатно не мислат отчет да им даде Пеце Мирчевски – новиот директор на СОЗР кој кога беше избркан од Општина Карпош му беа пронајдени 137 нерешени предмети. Ќе дадат ли отчет за службените возила со кои одеа на риболов, за отворените и незатворените сметки по кафеани. Дали СДСМ ќе даде отчет за пијаните советници, неспособните претседавачи, кој им земал пари на спортските клубови, кој наплаќал по еден денар за секое испиено јогуртче од учениците во Карпош. Ќе кажат ли нешто за партиските телефони, партиските штабови, и партискиот бензин платен од Општинскиот буџет. Ќе се извини ли СДСМ зошто на места раководители на сектори поставувале лица со фалсификувани дипломи, и за тоа месечно земале над 40.000 денари.

СДСМ треба да се засрами што се крие зад наводно невладини организации, организира протести во Тафталиџе на кои присуствуваа само десетина тафталиџани, а остатокот беа од Козле, Ѓорче и Злокуќани. Тафталиџани седеа на своите тераси и гледаа сеир. Зошто СДСМ не протестира за зградите на нивниот поранешен претседател и главен градски архитект Никола Велковски, За пријателите на Бранко – „Хрисинг“, за „Скопски пазар“ и другите? Тие што бација рака во СДСМ можат слободно во Тафталиџе да градат и кај нив нема да има протести. Тие што не им платиле рекет пред нивните објекти ќе има СДСМ-овски циркуси, приказни за наводно уништување на зеленило, нехуман живот. Ќе објасни ли СДСМ зошто е против реконструкција на детски игралишта, за изградба на паркови, шеталишта?

Повторно ги прашуваме. Можат ли да набројат еден метар квадратен асфалт, еден должен метар канализација (фекална или атмосферска), една сијаличка или една коцка бекатон каде нивните градоначалници поставиле?

На крајот, за нивната желба за ревизија и одговорност им даваме предлог: тие да направат ревизија во Карпош а ние во Струмица. И потоа, секој со своите сознанија да оди во Обвинителство. Ако се чесни, треба да го прифатат предизвикот.

Градоначалникот на Карпош и досега даде отчет и беше транспарентен:

Јавно кажа дека лидерот на СДСМ од него барал 200.000 евра. Нека биде отчетен, одговорен и транспарентен и нивниот лидер Зоран Заев нека каже дали е тоа точно.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This