ПРОСТУВАЊЕТО Е НАЈМОЌНОТО НЕШТО ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Простувањето е моќен начин да си ја покажете љубовта кон себе и може да има многу посилно влијание само од кажување „Извини“ или „Ти простувам“.
Кога ќе ѝ простите на друга личност, на ситуација, па дури и кога ќе си простите самите себеси, се ослободувате од емоциите зад она за коешто сте се држеле.

Овие емоции можат да бидат гнев, вина, тага, срам или љубомора, односно емоции со ниска вибрација. Доколку се држите за овие емоции и не ги искажувате, само ќе си предизвикате болка и страдање.

Што се случува кога ги складирате овие емоции со текот на времето без да ги искажете? Тие ќе почнат да се манифестираат во нова форма, како на пример физичка болка или болест. Тогаш ќе почнете да се прашувате зошто одеднаш имате хронична болка во вратот што никако не поминува.

Со простувањето вие не ги одобрувате постапките на некој или на некоја ситуација што ви предизвикала страдање. Наместо тоа, се ослободувате од нешто што се случило во минатото.

Личноста што ви згрешила не мора да знае дека сте ѝ простиле, односно не мора да го правите тоа лице во лице. Ова е нешто што може да биде помеѓу вас и некоја виша сила.

Постојат многу начини за простување и ослободување. Можете на глас да кажете дека сте простиле, да се помолите, да водите дневник или што било што ќе направи да се чувствувате добро. Не постои погрешен или правилен начин да го направите ова. Да простите значи да заборавите и самото тоа е навистина убаво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This