ПРОТЕКОА НОВИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦИА: Американските разузнавачи користеле видовити луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Документите на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) од кои е симната ознаката тајност, откриваат дека разузнавачките служби на САД отишле до таму што користеле лица со телепатски способности за да дојдат до информација.

ЦИА се занимавала со абнормални активности. Според документите од кои е симната ознаката тајност, ЦИА ги користела тие видовити луѓе за да собере информации за операции без физичко присуство.

1110001368

Според информациите од документите, програмата била направена во  1975. година. Во неа постоеле 100-тина кандидати кои тврделе дека поседуваат моќ на видовитост. Од неколку стотина кандидати, само 6 биле одбрани да бидат дел од понатамошни операции.

Во текот на неколку години, програмата со код, Скараџиски пламен повеќе се занимавала со истражување и собирање теории во врска со паранормални активности. Меѓутоа, среќата им се зацртила 1979 година, кога,,Скараџискиот пламен, есе повикани да помогнат во потрага за исчезнатиот авион на американската Морнарица.

Операцијата е завршена успешно и видовитите биле во состојба да ја откријат локацијата на авионот . Џими Картер, тогашниот претседател на САД, го најави постоењето на оваа програма во интервју кое го даде по 12 години после инцидентот:

„Го испративме авионот да оди во Централната Афричка Република-авион со два мотора, мал авион.И неможевме да го најдеме и покрај сателитските фотографии. Поради тоа директорот на ЦИА дојде и ми рече дека ја контактирал видовитата жена од Калифорнија која тврдела дека има надприродна способност. Таа падна во транс и напиша географска ширина и должина, ние испративме сателит на тие координати- и таму го најдовме авионот“.

Меѓутоа, операциите кои следувале немале такви резултати. Една од најголемите неуспеси била киднаперската криза во американската амбасада во Иран истата година. Видовитите овојпат не успеале да помогнат со информациите.

Таоци у америчкој амбасади у Техерану током иранске талачке кризе 1979.

Тоа што е интересно е дека програмата Скараџиски пламен продолжила уште 14 години, и покрај неуспехот во Иран.

Оваа програма со вклучување на видовитите официјално била затворена 1995 година, по ревизијата со која се утврдило дека,, извештаите со помош на видовитите немале конкретни и прецизни информации кои би биле од значење во рзузнавачките извештаи“.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This