Протестен марш на „За заедничка Македонија“ во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Досега сме 40 дена на улиците, но ќе останеме колку и да треба, порачаа поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ на денешниот мирен марш во Скопје на кој беа повторени пораките за зачувување на унитарноста, јазикот, знамето и грбот, како и барањето за отфрлање на т.н. тиранска платформа.

sk

Учесниците на маршот ја минаа вообичаената маршрута, од Владата до Собранието на РМ.

Богдан Илиевски порача дека наредната недела ќе биде клучна за, како што рече, да им се  каже и симболично „стоп“ на сите кои се обидуваат Македонија да ја качат на тиранска платформа.

– Тоа нема да го дозволиме. Мора да продолжиме така, фокусирано и без опуштање, да не има што повеќе и повеќе секој еден ден, особено наредната недела, која ќе е клучна. Поминавме 40 дена, ќе поминеме уште колку и да треба и секој ден ќе ја искажуваме нашата благодарност и поддршка за Ѓорге Иванов. Човекот кој што ни ги донесе победите, човекот што стои зад нас и човекот зад кој стоиме ние се додека стои и тој на својата заклетва, да го чува суверенитетот на Република Македонија. Ние донесовме промена, посочи Илиевски.

Дарко Мијалковски потенцира дека и денеска уште еднаш дошле за го изразат незадоволство и да им повторат на политичарите дека народот е оној кој ги ставил и и кој ќе ги извади надвор од Собранието.

– Немојте да мислите дека  ќе не фатите неспремни. Црното сценарио кое што јасно и гласно се нема откажано од тиранската платформа нема да ви помине. Никој нема право да ни ги менува знамето, химната, грбот, уставот и да ни ја распродава државата, која народот со векови ја има градено. Народот има обврска да ја брани својата татковина. Цели 40 дена сме на улиците, ако треба ќе остаме уште 1.140 денови, бидејќи тоа им го должиме на нашите претци на нас самите и на нашите неродени деца, порача Мијалковски.

skopje

Побара од политичарите да се откажат од тиранската платформа која, како што рече, содржи анти уставни и анти државни барања поради што мора безусловно да биде отфрлена. Тој потенцираше дека нема да дозволат создавање на бинационална држава и формирање на држава скроена по теркот на Еди Рама.

– Било какви пост изборни документи кои се поставуваат како услов за формирање на идната влада се ништо повеќе освен една класична измама и затоа ќе продолжиме и понатаму да доаѓаме додека не се исполнат нашите барања. Оној кој мисли дека може да го лаже и манипулира овој народ не е свесен со што си игра, ние точно знаеме што сакаме и од ништои не се плашиме, нагласи Мијалковски.

Борис Дамовски, пак, истакна дека се потребни избори и попис за да не се дозволи друг да избира за граѓаните.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This