ПРОТЕСТИРАМ ЗА ДА ПРОФИТИРАМ: Граѓанските активисти всушност биле комуњаридни влекачи – Џељо стана „владин“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Довчерашниот дежурен експерт, колумнист и невладин граѓански активист за потребите на политичката агенда на Зоран Заев и СДСМ, Џељо Хоџиќ, стана директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

 

Хоџиќ на јавноста и е познат како чест гостин во дебатните емисии на телевизиите блиски до СДСМ, како колумнист на соросовите портали и како граѓански активист кој редовно ја критикувал владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за се што било можно и неможно.

Да се потсетиме, „граѓански активист“ кога се во прашање поддржувачите на СДСМ означува човек кој кога СДСМ не е на власт тврди дека тој како невладин активист има мисија да биде коректив на власта, како што е секаде во светот и дека секогаш ќе биде во опозиција за да преку критика ги одобрува одлуките на Владата или придонесува за нејзина смена.

Истите активисти кога СДСМ доаѓа на власт стануваат директори, специјални советници и разно-разни чиновници во Владата, во дел од секунда заборавајќи на основните постулати на филозофијата која ја застапувале. Со тоа самите придонесуваат за потврда на теориите на ВМРО-ДПМНЕ и голем број објективни граѓани дека оние кои се претставувале за невладин сектор всушност одработувале политичка агенда на партија, во случајот СДСМ – што сега и се докажува.

Вредно е да се спомене дека сите нивни неистомисленици биле често мета на жестоки нападии на социјалните мрежи ако искоментирале дека било кој од тогашните невладини а денес владини имале за цел токму тоа – да го донесат СДСМ на власт, не за да има „правда и слобода“ туку за да се стекнат со работно место и привилегии кои добар дел од нив сметаат дека им припаѓаат „од Бога“.

Владата денеска ги објави имињата на 67 нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено-поправни установи, а меѓу нив покрај Хоџиќ може да се забележат и официјализирањето на Горјан Медо Тозија, гробарот на Вардар филм, како нов директор на Агенцијата за филм.

Директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од денес е уште еден шарен активист, Александар Донев, а во елитното друштво на директори се придружува и Аднан Џафероски за кого, според неговите трагови на социјалните мрежи, уставното име на Република Македонија е „сифилис и херпес“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This