April 18, 2024, 11:18 pm

ПРОТЕСТИ ВО ТЕТОВО: Граѓаните на Тетово незадоволни од општинската власт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нерешените инфраструктурни проблеми кои секојдневно сè повеќе го отежнуваат животот на тетовчани, како што се сообраќајниот хаос, немањето паркинзи, вода за пиење и други потреби, ја отсликуваат едногодишната работа на општина Тетово предводена од Теута Арифи, за која ова е втор мандат. Жителите со кои зборувавме се разочарани истакнувајќи дека покрај празните ветувања кои се пренесуваат од еден мандат на друг, ништо друго не е реализирано, пренесува Алсат М телевизија.

Не сме задоволни затоа што многу ветуваат, а тоа не се реализира, видете дали е или не е реализирано. Неовластени објекти се изградени, јавните места се узурпирани. Изјави, жител.

Сè е потребно, градот воопшто не е организиран. Немам коментар, нема зборови да се опише ова. рече, жител на градот Тетово

Има многу работа, улиците се повторно со дупки, сè недоставува, чистота е нула, тие не работат, крадат пари. изјави, еден жител.

Актерот Хасим Мемиши, иронизирајќи го едногодишното функционирање на локалната самоуправа, вели – организираниот криминал е поорганизиран од државата.

Една година функционирање или нефункционирање, бидејќи има разлика! Сепак, мислам дека сите општини треба да земат пример од организираниот криминал. Дали сте виделе колку се организирани криминалците, додека од општината се неорганизирани. Тетово има потреба итно да го реши проблемот со отпадот, a не да го носат од мојот дом или од вашиот дом и да го фрлат 100 метри подалеку, туку да се реши еднаш засекогаш. Треба да се реши еднаш засекогаш проблемот со тротоарите во Тетово, бидејќи тротоарите во Тетово се користат за сè, освен за пешаци. А, вода пак пиеме само во шишиња што ги полниме вечерта или ги купуваме. изјави, Хасим Мемиши, актер

Со критики за работата на општината излегоа и од невладините организации.

Градот и понатаму чувствува недостиг на јавен превоз кој беше ветен во 2014 година за тие осум фамозни автобуси кои ќе дојдат од Министерството за транспорт, а нив ги нема. Дури и на крајот на првата година од вториот мандат, нема подземен паркинг и гаражи кои беа ветени уште во кампањата за првиот мандат.“ изјави, Арианит Џафери -Еко Герила

За проблемите со кои се соочуваат граѓаните и граѓанскиот сектор, шефот на општинскиот совет не ја кажува причината зошто не е ништо сторено, туку продолжува со ветувањата.

„Мислам дека со донесувањето на деталниот урбанистички план за Попова Шапка, кој ќе се случи набрзо, можеби пред Нова Година, ќе се предвиди и изградба на подземен паркинг или катна гаража. Што се однесува до другите работи, тие ќе бидат реализирани во одреден рок и со ребалансот што го направивме во буџетот предвидени се некои средства за местото за товар-истовар, а во однос на јавниот превоз ќе треба да почекаме уште малку да се создадат уште неколку услови.“ изјави, Беким Мемети-Претседател на општинскиот совет

Советниците од опозицијата во општинскиот совет обвинуваат дека нема транспарентност како се трошат буџетските пари.

„За време на седниците поминуваме многу финансиски извештаи за претпријатија или за работата на општината. Има моменти кога зборуваме за чистотата на градот или за собирањето на отпадот, каде се планираат милиони денари, а реализацијата е нула, тоа не може да се прифати.“ рече, Ариф Селами-Општински советник

За трошоците на општина Тетово и понатаму нема информации на веб-страницата на општината, иако тоа е постојано барање на граѓанскиот сектор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This