ПРОТЕСТИ НА АЛБАНЦИТЕ ВО ЊУЈОРК: Пред амбасадата на Србија во Њујорк, албанската дијаспора бара ослободување на Харадинај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со извици „УЧК“ и песната „Беса“, односно „Се заколнав дека животот ќе го дадам за Косово“, албансакта дијаспора протестираше пред мисијата на Србија во ОН во Њујорк, барајќи ослободување на претседателот на Алијансата за иднина на Косово и бившиот косовски премиер Рамуш Харадинај од притворот во Франција

sipari_njujork

Славејќи го Харадинај како „албански син“ и „ослободител“, тие ги нарекувале Србите и Србија со погрдни имиња, и порачале дека сите Албанци, без разлика каде се наоѓаат, дека мораат да знаат дека лидерот на Алијансата е „неправедно уапсен“ во Франција по српската потерница.

„Харадинај е син на нашата демократија и херој“, скандирале Албанците пред српската амбасада во Њујорк.

„Не само тука, треба да целиот свет да му се каже, а посебно на ‘скијите’ (свињи, погрден назив за Србите) дека не можат да си играат со нас Албанците. Ослободете го Рамуш…“, извикувале собраните на протестот. Тие Харадинај го сметаат за „албански ослободител“ и веруваат дека е дојдено време Албанците да се ослободат од „српската репресија“.

Учесниците на протестот, кој е одржан на 9.јануари, носеа албански, американски и знамиња на „Гоема Албанија“, а лидерите на протестот на насобраните им се обраќае преку мегафон.

Рамуш Харадинај е уапсен минатата среда во Франција по потерница на Србија и задржан во притвор, а за неговата екстрација во Србија француското судство ќе одлучува откако ќе добиа од Србија барање за испорачување. Србија денес го испрати барањето.

Харадинај се обвинува за тешки воени злосторства, злосторства против човештвото во текот на војната во Косово кога беше командант на терористичката УЧК.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This