April 20, 2024, 11:09 am

ПРОТЕСТИ НА МОТОЦИКЛИСТИТЕ: Со протестно возење утре, мотоциклистите ќе бараат поголема безбедност за нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На плоштадот Македонија утре (19 април) со почеток од 18 часот ќе започне протестно возење мотоцикли со цел подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите.

Возењето ќе се одвива под мотото „Погледни двапати, спаси живот“, кое е дел од глобалната кампања на ФИМ (Светска мото-федерација), каде што се апелира кај сите учесници во сообраќајот да погледнат двапати пред да завртат со автомобилот за да ги забележат мотоциклистите, со што би се спасил живот.

Од Мотоциклистичката федерација на Македонија велат дека со протестното возење ќе се испрати порака до сите учесници во сообраќајот, како и до сите институции и организации што со своето дејствување на кој било начин се во сообраќајната проблематика, да посветат многу поголемо внимание за присутвото на мотоциклистите на сообраќајниците.

„Застрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани мотоциклисти во сообраќајните незгоди, со што, за жал, тие веќе влегуваат во едни од најранливите категории учесници во сообраќајот“, се наведува во соопшението на Федерацијата.

Оттаму признаваат дека возачите со своите автомобили се, како што велат, посилни од нив, па поради тоа апелираат:

– Почитувајте ги нашите права на првенство во сообраќајот,
– Не кршете ги сообраќајните правила за да бидете наши потенцијални убијци,
– Не гледајте во телефоните додека возите, гледајте во нас,
– Не возете во алкохолизирана состајба, сообраќајот не подразбира храброст, туку умеење и почитување,
– Гледајте концентрирано и барем два пати во своите ретровизори, ние сме помали, но сепак постоиме,
– Секој судир со вас за нас е секогаш со далеку поголеми последици од вашите,
– Потрудете се да бидете повнимателни од досега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This