ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДА: Граѓанското движење против осиромашување ја блокираше Илинденска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанското движење против осиромашување денеска повторно го блокираше булеварот „Илинденска“ и ги повтори барањата од Владата на СДСМ за откажување од планот за зголемува на даноците.

-Движењето против осиромашување останува со својата намера и со своите барања Владата да се откаже од намерата за покачување на даноците, изјави на денешниот протест Жарко Здравковски од движењето.

Посочи дека повисоките даноци ќе донесат зголемена сиромаштија и оти ќе одат директно на штета на граѓаните.

Граѓанското движење бара владата на СДСМ да се откаже од планот за зголемување на даноците, намалување на даноците и трошоците за придонеси од 27 на 25 отсто, да се откаже од непродуктивните трошоци, како зголемни средства за привремени вработувања, храна, репрезентации и службени картички, за сметка на зголемување на капитални инвестиции, градба на патишта, училишта, поддршка на стопанството.

-Бараме владата веднаш да се произнесе, во спротивно продолжуваме со блокадите, истакна Здравковски.

Иако движењето уредно ја пријавило блокадата во МВР 24 часа пред нејзиното одржување, сепак полицијата не го пренасочи сообраќајот, со што имаше возачи кои беа заглавени директно во блокадата. Тоа доведе до нервоза меѓу возачите.

Членовите на движењето доброволно направи приод со што возачите кои беа затечени од блокадата можеа слободна да поминат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This