ПРОТЕСТИ ПРЕД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ: Македонскиот народ бара одземање на мандатот на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалиционото единство со Македонскиот народ ги повикува сите оние кои што сакаат да пристапат и да учествуваат на продолжението на протестниот марш.

Групата на здруженија го организира овој марш поради, како што викаат, немање разбирање, ниту одговор на протестните Барања, ниту од Делегацијата на ЕУ во РМ ниту од Претседателот на РМ, доставени на ден 12.10.2017 година и поради наметнатиот диктаторски медиумски мрак и заробени медиуми.

– Протестниот марш, од делегацијата на ЕУ до вилата на претседателот на Водно, продолжува мирно, цивилизирано и одговорно, пред и во народната канцеларија на претседателот на 10 ноември, петок во 17 часот, се вели во повикот.

За разлика од минатиот протестен марш, одржан на 12 октомври, од повикот за овој марш, изостануваат „Семакедонски национален совет Македониум“ и здружението „Тврдокорни“.

Здружението на граѓани „Преродба“, „Жени, мајки, бранителки“, „Движењето за цивилизациски вредности“, и „Единствен пат“ – движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет ги повикуваат припадниците на Коалиционото единство со Македонскиот народ и оние кои сакаат да пристапат, да учествуваат во продолжување на Протестниот марш, како што тие сметаат, како најсоодветно од нивна страна.

Нивните барања се:

1.Да престанат сите антимакедонски геноцидни планови и дејствија против македонскиот народ и разградување на македонската држава.

2. Претседателот на РМ да постапи по Барањето и да му го одземе мандатот на З.З. поради непридржување и кршење на дадената гаранција и работење против македонските интереси, а за туѓи интереси.

3. ВМРО-ДПМНЕ, на која најголемиот дел од македонските гласови ги дадовме своите гласови, да си пристапи во Коалиционо единство со Македонскиот народ и заедно да си ја одбранат татковината од нејзино разградување и уништување.

4. Да престанат непринципиелните мешања на надворешни фактори во внатрешните работи на РМ и спроведувањето антимакедонски ПЛАНОВИ.

5. Интернационализирање на македонските прашања/работи и обелоденување на Вистините за Македонија и ПЛАНОВИТЕ за нејзино разградување, редефинирање, уништување, вршејќи цивилизациски геноцид врз Македонскиот народ и бришење од списокот на живите народи од картата на нарпдите, со барање за разбирање, поддршка и помош од земјите што ја признале Р.Македонија под нејзиното уставно име.

6. Слобода за македонските медиуми од наметната медиумска диктатура и медиумски мрак и пропаганди.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This