April 19, 2024, 12:57 am

ПРОТЕСТИ ПРЕД МВР: Група млади денес протестираа пред МВР – „Стоп за полициска бруталност“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поголема група млади луѓе денеска повторно протестираа пред Министерството за внатрешни работи, против полициската бруталност, откако полицаец пред некој застрела малолетно дете во Струмица. Тие повторно побараа одговорност за полицискиот службеник кој го направи инцидентот како и оставка од министерот Оливер Спасовски.

Инаку, ова не е прв протест против полициската бруталност после настанот во Струмица. Тие и пред една недела излегоа да го искажат својот револт пред МВР. Тие и тогаш како и сега остро го осудија настанот во Струмица, тие порачуваат дека полицијата треба да не чува, а не да претставува страв за граѓаните.

 

Пред неколу дена и младите во југоисточниот дел на Македонија изразија згрозеност од огнената престрелка и употреба на оружје во полициска акција во Струмица против малолетни лица од Радовиш.

 

Тие тогаш побараа покрај министерот и началникот на СВР Струмица да ја преземе целосно одговорноста за постапката на полициските службеници, да поднесе морална оставка доколку не успее да образложи дали постои јасна визија и стратегија за безбедноста во спречување и справување со криминалот во регионот.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This