ПРОТЕСТИ ПРЕД „ПОВАРДАРИЕ“: Лозарите ги затворија капиите на „Повардарие“, владата молчи за криминалот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лозарите денеска протестираат пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, поради неисплатени обврски од страна на винарницата.

-Блокирани се двете капии на винаријата и не дозволуваме влез или излез на било каков имот на винарската визба. Овој протест легално е пријавен во полиција. Работата е што не го почитуваат договорот што е потпишан, рече Илија Јанчев, член на Иницијативниот одбор за протестот.

Владата нема слух за лозарите, па ним не им преостанува ништо друго освен со протест да си бараат да им се исплатат обврските. Винаријата им должи на огромен број на лозари, надлежните молчат.

Зошто молчат надлежните за криминалот на Повардарие?

Иако винарската визба Повардарие нема лиценца за откуп на грозје, сепак информациите од терен говорат дека активности на откуп се во тек. Ваквиот див откуп впорочем е во прилог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бидејки не подложи на субвенции. Предавањето на грозје кај диви откупувачи оневозмозува земјоделците да аплицираат за субвенции, објави неодамна Економски.мк.

Според информации на Економски.мк винаријата Повардарие покрај немањето ливенца има и забрана од страна на Државниот земјоделски испекторат заради лажно пријавување на количини на грозје од ланската реколта.

Оттука се поставуваат низа на прашања како, зошто надлежните молчат, дали се амнестира криминалот?

Повардарие не смее да врши откуп бидејќи на винарската визба и е блокирана сметката поради долг кон министерството за финансии, долг кој е во висина од неколку милиони евра. Повардарие должи огромни средства и кон лозарите што е дополнителна причина дека не смее да врши откуп. Tемава уште минатиот месец ја отвори Економски.мк. Но и покрај тоа што има низа на отворени прашања кои во јавноста ги постави Економски.мк молчењето на надлежните пак говори дека се дозволува угнетување на земјоделците без пари, а истите треба да ги заштити министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Оттука и прашањето зошто молчи и надлежното миистерство, како и министерството за внатрешни работи. Воедно во ова треба да се вклучи, односно да се заинтересира и инспекторатот за земјодекство.

Се постави и прашањето дали СДСМ и надлежните знаат што се случува во Повардарие, потоа дали тоа што странските газди го прават таму е со амин на раководството од СДСМ?

Кон крајот на минатата година беше поднесено барање од Царинската управа за отворање на стечај за винарската визба „Повардарие“ од Неготино. Во меѓувреме винаријата ја изгуби лиценцата за откуп на грозје поради неисплатени обврски кон лозарите во предвидениот рок. Според последните податоци од Листата на должници на УЈП, Повардарие за неплатен данок на државата и должи над 650 илјади евра.

Повардарие незаконски вршеше откуп на грозје, без лиценца последниве месеци. Се отвори простор за сомнеж дека вакво самоволие „Повардарие“ не би си дозволило ако тоа не го прави во договор со новата Влада.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This