ПРОТЕСТ ВО КИСЕЛА ВОДЕА: На жителите им „пукна филмот“ поради болницата за зависности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По последните инциденти со пациентите од Болницата за превенција и лекување од зависности во населбата Кисела Вода, граѓаните се собраа на иницијативен состанок.

Провалите во возила и домови, расфрланите шприцеви во приватните гаражи и по повредувањето (боцнувањето) на деца на фрлени употребени игли, граѓаните кои живеат во околината на болницата, револтирани од случувањата се собраа на платото кај општината, по иницијативен состанок за реакција кон институциите особено кон болницата заради непрофесионалното и нехумано однесување и работење со пациентите од болницата за зависности.

На состанокот имаше и претставник на локалната власт на кого граѓаните  му ги пренесоа заклучоците од состанокот.

Имено на состанокот се договори дека бидејки институциите, не ги спроведуваат дадените ветувања од состанокот во септември, дека за три месеци ќе се намали бројот на пациенти и дека истите ќе се третираат внатре во болницата, а не надвор од неа, со што би се решил проблемот со пациентите.

Граѓаните одлучија да го почекаат истекот на рокот до 30 ноември, по што на 1.декември ќе го блокираат, за почеток, влезот на болницата и нема да дозволат ниту влез ниту излез од неа и ќе бараат комплетна дислокација на болницата, како одговор за непочитувањето на договореното, и долгогодишните манипулации за решавање на проблемот.

„Животот околу болницата станува неподнослив. Децата со страв ги пуштаме на школо. Последниве месеци четири деца се повредија со употребени игли оти се расфрлани насекаде. Немам ништо против нив, тие се лечат и треба да се лечат, но на друго место. Овде веќе нема куќа што не опљачкана, нема двор во кој што не влегле. Шприцеви си наоѓаме по подрумите и гаражите, не можеме мирно да спиеме. Пред очи на нашите деца среде бел ден на улица се соблекуваат по гаќи и се боцкаат во бутовите, а ние сме немоќни да направиме било што“ рече еден од присутните граѓани.

Подготви:
Борислав Стоилковиќ

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This