ПРОТЕСТ ВО ПРИШТИНА:Се бара оставка на државниот обвинител и на премиерот Харадинај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Приштина синоќа беше организиран протест од страна на иницијативата ,,Протестирај”, а се одржа и марш пред седиштата на државниот обвинител и на премиерот на Косово, на кој беше побарана оставка на Александар Лумези и Рамуш Харадинај, како и процес на усвојување право на вето во судскиот систем на Косово.

Групата што го организираше протестот на кој учествуваа околу 1 000 граѓани оцени дека ,,обвинителството е во служба на политиката”.

На протестот му се приклучија и пратениците од Самоопределување и од Социјалдемократската партија на Косово. Учесниците на протестот носеа пароли ,,Оди си Лумези”, ,,Нема држава без независно судство”… Пред почетокот на протестот полицијата го зајакна обезбедувањето пред седиштето на државниот обвинител.

Државниот обвинител на Косово, Александар Лумези, изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата доколку Советот на обвинители на Косово процени дека го прекршил законот или етичкиот код.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This