- Advertisement -

Иницијативата „Младите за Ѓорче“, заедно Советот на родители на основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба Ѓорче Петров, за утре најавија 90-минутна блокада на улицата „Борис Сарафов“, која се наоѓа пред училиштето, во протест од недостаток на сообраќајна сигнализација.

Истовремено, граѓаните најавуваат дека ќе ја блокираат и главната улица „Ѓорче Петров“.

Граѓаните бараат да се комплетираат безбедносните мерки за улицата „Борис Сарафов“ (поранешна 4-ти јули), прифатени од Град Скопје уште во октомври минатата година.

„За да не се вртиш десно-лево по 100 пати искочи на ПРОТЕСТ ! (ама врти се пак)“

Блокадата ќе трае од 17:30 до 19 часот, со главна порака за семафори и пешачки премини на улиците, поради загриженоста на граѓаните од сообраќајните инциденти и небезбедноста предизвикана од несовесните возачи.