ПРОТЕСТ ЗА ИСЧЕЗНАТИТЕ ЛИЦА: „Не ни се исчезнати мачињата, туку нашите најмили“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска во Скопје, пред Собранието, по трет пат на мирен протест излезе мајката на иcчeзнатото момче Пино, Маја Трпковска. Покрај неа беше и таткото на Арбен, Бекир Аслан, кој трага по својот син повеќе од еден месец.

Маја вели дека веќе три месеци живее во агонија, откако нејзиниот 26-годишен син излегол од дома со автомобилот и му се изгуби секаква трага. Таа веќе во два наврати излезе на протест и бараше одговори од надлежните околу тоа како и според кои стандарди и правила се водат истрагите за иcчeзнатите лица од земјава.

Инаку Пино иcчeзна на 10 декември а последен пат бил виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This