ПРОТЕСТ НА ЛЕКАРИТЕ ВО ПРИЛЕП: 53 матични лекари од Прилеп, незадоволни од актуелните казнени политики на Министерството за здравство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

53 матични лекари од Прилеп, незадоволни од актуелните казнени политики на Министерството за здравство, денеска, со мирен протест го изразија својот револт, барајќи тие политики да бидат  укинат, потоа пациентите да се водат на приватните здравствени установи (ПЗУ), како и да им се покачи капитациониот бод. Според нив, токму овие несоодветни политики биле основните причини за затворањето на голем број амбуланти и за масовното исселување на здравствените работници во странство.

–  Бараме укинување на казнената политика која беше одлика на работењето во изминатата декада. Поради тој систем на казни голем дел од нашите колеги своето незадоволство го изразија преку затварање на своите амбуланти и заминување во странство . Согласно разговорите со светската здравствена организација и светската банка како и ЕУ директивите кон кои се стреми ова наше општество , очекуваме да се исполнат нашите барања. Примарната здравствена заштита е основен фундамент не само на нашата држава туку и на целокупното здравство во ЕУ и важен бенефит за здравствената каса, изјави  д-р Билјана Зајкоска – Трајкоска

Прилепските матични лекари очекуваат дека Владата, односно ресорното Министерство ќе покаже слух за нивните барања, и низ дијалог ќе се најдело обострано, прифатливо решение, кое најмногу би било во интерес на пациентите.

– Често во јавноста се меша плата на лекар со капитација. Капитацијата значи буџет со кој располага здравствената установа. Во текот на еден месец ако се случи казна , тогаш како би работела здравствената установа прашува д-р Билјана Зајкоска – Трајкоска

Во моментов,  еден прилепски матичен лекар, во просек имал околу 1.200 пациенти, но со актуелните здравствени политики, понатамошното рентабилно работење на амбулантите се доведувало под сериозен знак прашалник. Инаку, во последниве години и Прилеп, како и поголемиот број градови во земјава, кубури со лекари. Недостигот од лекари особено се чувствува во прилепската Болница, каде  лекарите –  специјалисти се дефицитарни со години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This