ПРОТЕСТ НА ЛОЗАРИТЕ ВО КАВАДАРЦИ: Со транспаренти и тие побараа предвремени парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лозарите од Тиквешијата денеска на градскиот плоштад во Кавадарци одржаа мирен протест . Ги повторија своите барања да им се исплати грозјето предадено во 2015 и 2016 година во „Стефани винарија“ и „Повардарие“. Ако овие барања не бидат исполнети до 10 февруари ќе се организираат блокади низ Тиквешијата.

Исто така беше побарана загарантирана откупна цена од 17,5 денари за килограм смедеревка и 18,5 денари за вранецот.

„Лозарите повеќе не можат да издржат. Доколку не се исполнат барањата, лозарите ќе бидат приморани да организираат масовни протести. За „Стефани вианрија“ ситуацијата е многу тешка. Влезена е во стечај. За сите ќе има пари освен за лозарите. Во „Повардарие“ работите се малку подобри. Бараме владата да превземе конечни мерки и да си ги добиеме парите“ рече претседателот на регионалното здружение „Напредни лозари“.

До министерството за земјоделство здружението „Напредни лозари“ веќе има доставено предлог да се формира фонд за исплата на грозјето. 30 милиони евра се доволни за да се покрие лозарското производство, објаснуваат предлагачите.

„Визбите мора да имаат склучено договор со тој фонд, по што ќе добијат лиценца за откуп. Само така белешката за откуп ќе биде хартија со вредност. Визбите нема да смеат да го стааат грозјето под хипотека додека не го исплатат откупеното грозје. Со тоа ќе се стави крај на ненавременото исплаќање“ рече Зоран Пешов, лозар од Кавадарци.

На протестот свои обраќања имаа и повеќе лозари кои се осврнаа на проблемите со кои се соочуваат со години. Побараа законот за вино кој се подготвува да биде праведен и да се впише во него она што го вели науката, дека смедеревката има технолошка зрелост 16, а не како што прават винарите, со многу повисока шеќерност и на тој начин да им се купи за ниска цена.

На протестот беа истакнати транспаренти на кои напишаа дека бараат одржување на предвремени парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This