April 23, 2024, 10:34 pm

Протест пред ЕВН во Скопје-Север, жителите на Шуто Оризари без струја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стотици домаќинства во општината Шуто Оризари веќе неколку дена немаат струја. Улиците се осветлено, но не и домовите. Жителите од овој дел на Скопје, велат дека општината се проширила, се изградиле повеќе куќи, а трафостаницата останала со мал капацитет.

„Проблемот е што оваа трафостаница нема капацитет за да покрие над 200 куќи кои се поврзани со неа. Од ЕВН не доаѓаат да ја прошират трафостаницата бидејќи е мала и секоја зима избиваат осигурувачите“, вели жител на Шуто Оризари.

Деновите и ноќи поминати во темница, ги револтираше жителите кои денеска излегоа на протест пред центарот на ЕВН во Скопје-Север.

„Им велиме да испратат екипи и да го санираат дефектот во нашата општина. Ова не е проблем кој трае последните 10 дена, туку веќе 2-3 години. Постојано бараме да се реши овој проблем, но никако да се случи“

Од ЕВН – Македонија потврдуваат дека на неколку улици близу булеварот “Македонска -Косовска бригада“ има прекин на електрична енергија, но ги обвинуваат жителите кои ја злоупотребуваат струјата.

„Во овој регион се регистрирани злоупотреби на мрежата од страна на потрошувачите, и неконтролирана потрошувачка на електрична енергија. Затоа, неспоро е дека во зимскиот период кога потрошувачката на електричната енергија е поголема, да има прекин во снабдувањето“, се вели во соопштението од ЕВН Македонија.

Од ЕВН известуваат дека постојано вршат санирања на дефекти. Од таму велат дека нивните вработени честопати биле попречувани од жителите за да ја завршат својата работа на терен. Жителите најавија блокада на улиците доколу проблемот не биде решен во наскоро време.

„Тоа се неколку луѓе кои ветуваат. Синоќа протестиравме пред магацините што се по патот кај капелата во Бутел, рекоа ќе дојдат, но не дојдоа. Ги чекавме до 12 на полноќ, но не дојдоа. Осамна без светлина, и ова утро ќе го дочекаме без струја, и утре, но друго чаре немаме. Ќе ги блокираме крстосниците. Немаме друга мерка“, додаваат демонстрантите.

Најголемиот проблем на граѓаните се нивните деца и постарите луѓе кои деновите ги минуваат во ладни соби, бидејќи поголемиот дел од нив се грејат на струја. Тие се жалат дека проблемот е поодамнешен, а состојбата станува уште полоша во текот на зимата, кога всушност имаат најголема потреба од електрична енергија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This