ПРОТЕЧЕ ТАЈНА СНИМКА ОД МАЈК ПОМПЕО: САД се обидоа, но не успеаа да ја земат Венецуела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аудио снимката на државниот секретар Мајк Помпео го открива американскиот напор да се обедини опозицијата во Венецуела.

Лидерите на венецуелската опозиција стануваат се посилни за за да го превземат мандатот на Претседателот, после симнувањето на Николас Мадуро со помош на Вашингтон, а САД се трудат да ги натераат да делуваат заедно, објавува Вашингтон пост, повикувајќи се на протечената аудио снимка. Снимката наводно е од средбата на Помпео со еврејските лидери минатата седмица.

Обидот да се обединат сите против Мадуро не е само овие месеци , според Помпео. Тоа трае уште кога Трамп даде заклетва.

– Од денот кога станав директор на ЦИА, тоа беше нешто најважно што сакаше Трамп да го направи.

– Штом Мадуро ќе си оди, сите ќе ги кренат рацете и ќе речат: “Земи ме мене, јас сум следниот Претседател на Венецуела“. Тукаќе бидат 40-тина и повеќе луѓе кои веруваат дека се вистински наследници на Мадуро-рече Помпео.

Во обид да наговори различни марионети на Вашингтон да се здружат, Помпео барал помош од верските организации.

Помпео го обвини нередот во опозицијата за неуспешниот обид за државен удар на 30. Април од страна на група војници, а кој беше неутрализиран за 24 часа.

Тој заклучил дека Мадуро во голема мерка е под влијание на странските земји, посебно Куба.

Венецуелците не го сакаат Мадуро, но се грижат за себе наместо да работат за целите на Вашингтон, се пожалил Помпео.

– Тој (Maдуро) не им верува на Венецијанците. Не го обвинувам. И не треба. Тие правеа завера против него. Нажалост, си правеа завера против себе-вели Мајк Помпео.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This