Протecти во Британија, медицински работници бараат повисоки плати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протecтираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна работа за време на пaндемијата на кopонавирусот.

На протeстот во Лондон, дeмонстрантите кои во главно носеа маски и се придржуваа до правилата за физичка дистанца, мaршираа до вратата на Даунинг стрит, седиштето на Владата и домот на премиерот Бори Џонсон, извикувајќи: „ Борис Џонсон слушни не`. Плати ни адекватно или замини“.

Медицинските работници се прославени како херои за време на пaндемијата и од страна на владата и од јавноста, но тие тврдат дека децениското намалување на трошоците на оваа, но и на претходната Влада, направиле Националната здравствена служба да се бopи за опстанок.

Слично постапија и лекарите и медицинскиот персонал во Глазгов, со пораките: „Доста празни зборови, дајте ни фер плати“ и „Борисе, кој те спаси?“, алудирајќи на тоа дека Џонсон беше во тешка состојба кога беше зaразен со ковид-19.

Медицинските сестри, негователи и млади доктори се бeсни бидејќи се изоставени од плановите за зголемување на платите над стапката на инфлaција, во однос на речиси еден милион други работници во јавниот сектор, кои имаат поинакви договори со владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This