ПРОФЕСИОНАЛЕН СПАСУВАЧ ПРАШУВА: Зошто не се применети процедурите за спасување на Кајмакчалан?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зошто не се применети процедурите за спасување и извлекување на загубени/исчезнати лица на Кајмакчалан, со цел да се спасат животите на двајцата млади планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Врз основа на информациите кои излегоа во јавноста, доколку не информираа на време, имаше доволно простор да стигнеме до Кајмакчалан да ги лоцираме и да ги спасиме Калина и Александар. За жал тоа не се случи. Или доколку имаше барем едно стручно лице таму, ќе беше доволно некој да им побара ГПС координати, со два клика на кој било мобилен телефон и веднаш ќе знајеа каде точно се наоѓаат. За жал и ова никој не го направил, вели за „Макфакс“, професионалниот спасувач Дарио Милошевиќ, раководител на Планинска спасителна служба (ПСС).

Две недели по спасувачките акции на планината Шара кога беа пронајдени исчезнатите француски, косовски и македонски државјани, Планинска спасителна служба (ПСС) објави видео и детални извештај за целата акција која се одвивала во особено тешки зимски услови. Раководителот на спасителната служба, Дарио Милошевиќ кој учествувал на повеќе од 700 интервенции во македонските планини и ски центри, укажува дека со лоцирање на нивните мобилни телефони, со сателитски снимки и ГПС уред во екстремно тешки услови како густа магла, силен ветар, ноќ, и ниски темпаратури, на тежок терен со амбиси и многу карпи, успешно се пронајдени и спасени странските туристи. Тој прашува зошто процедурите кои биле преземени на Шар Планина, не биле преземени на Кајмакчалан со цел да се спасат животите на Калина Велевска и Александар Миноски, чии тела беа пронајдени премрзнати на 11 февруари годинава, и покрај тоа  што настраданите имале мобилни и комуникација со нив, која се одржувала најмалку 5 часа.

„Го знам одговорот, но ќе ги оставам институциите малку повеќе да се позанимаваат со ова и конечно (се надевам) да согледаат дека проблемот почнува од катастрофалната организација токму кај нив, па дури потоа нагоре или надолу“, вели Милошевиќ за „Макфакс“ и додава: „Според проценките имало сосема доволно време да бидат спасени, само доколку се следеле неколку основни процедури за спасување и извлекување на загубени/исчезнати лица. Одговорот на моето прашање се наоѓа во текстот за двете акции. Процедурите се таму објаснети со детали. Особено околу искористување на телекомуникациите при спасителни акции“.

Во извештајот кој што го објави Милошевиќ и Планинската спасителна служба (ПСС) во врска со настаните од 10 и 11 февруари годинава, се изнесуваат детали за двете акции кои беа спроведени на Шар планина за спасување на загубени/исчезнати лица. Во овие случувања директно инволвирани беа двајца француски,  двајца косовски и четворица македонски државјани.

Во саботата на 10 февруари, во 15.30 часот, ПСС добила дојава од страна на полицијата дека се исчезнати двајца француски државјани во регионот на Шар Планина. „Нашиот тим веднаш се упати во локалната ПС заради прибирање на дополнителни информации. За жал тие беа многу оскудни. Сé што добивме беше дека лицата се заминати утрината, дека се странци, дека нема никаков контакт со нив и дека има некакава дојава дека се наоѓаат кај некаква карпа на која пишува Б92 (за која за жал никој не можеше да даде информација каде и во кој регион се наоѓа) . Од страна на ПСС веднаш веднаш беше побарано од полицијата да поднесе барање до мобилните оператори да почнат со потрага по каков било сигнал (преку локалните предаватели) на еден од телефоните на еден од исчезнатите, кој ни беше испратен од негов пријател во Куманово“, се вели во извештајот.

Во меѓувреме од Француската амбасада во Скопје пристигнала некаква фотографија од сателитска снимка на која била усликана една позиција, а подоцна оваа фотографија ќе се покаже како клучна за пронаоѓањето и среќниот крај на исчезнатите лица. „Фотографија беше внимателно разгледана од стана на нашиот тим, беа извлечени приближни координати и истите беа префрлени во ГПС уред, по што под претпоставка дека ова е локацијата на загубените, веднаш се пристапи на мобилизација на целиот тим и обезбедување дополнителни сили за изведба на ваква комплексна акција. На наша среќа, на повикот веднаш одговорија членовите на приватната компанија Eskimo Freeride (приватна компанија од Р.Хрватска која се занимава со транспорт на клиенти на терени за скијање вон патеките и истата поседува неколку ратрака) кои исто така веќе имаа некаква информација и во моментот на нашето јавување веќе вршеа подготовки за поаѓање. Од овој момент, започна координирана акција меѓу нашите две компании за пронаоѓање на исчезнатите француски државјани“, се додава во извештајот.

Спасител на ПСС воспоставува телефонски контакт и добива информација дека лицата се на три километри од селото Бродец, според информациите добиени од GPSот од нивниот телефон. Поради блискоста кон селото, тие биле советувани да се упатат кон него и во меѓувреме да известуваат што се случува. Неколку минути подоцна почнуваат да пристигаат информации за уште 4 загубени лица (скијачи и бордери) кои стартувале со скијање од врвот на жичарата Церепашина и кои исто така не знаат каде се наоѓаат. По кратка истрага и остварен контакт преку водичот во планина, ПСС доаѓа до информации дека загубените се споиле во една група, според новите ГПС координати се наоѓаат на маркирана патека високо помеѓу селата Бродец и Шипковица и сите се во добра психофизичка состојба, по што се советувани да продолжат да се движат по истата маркација која води над село Шипковица и во правец на главниот пат Тетово – Попова Шапка, со цел да излезат на истиот и од таму да бидат превземени.

По ова се губи контактот со групата и околу 17.30 часот локален жител се упатува со моторна санка во спротивна насока по истата патека со намера да ги пресретне загубените, но овој обид останува неуспешен, по што станува јасно дека исчезнатите не се движат по зацртаната рута. Во 18, ПСС почнува да мобилизира дополнителни сили за подготовка на акција за загубени/ исчезнати лица. Повикани се: целиот тим на ПСС, локалните планински водачи, искусни планинари од ПК Љуботен-Тетово, претставници на МВР, Противпожарната служба од Тетово и неколку лица од управата на хотел „Скардус“.

„Неколку членови на екипата на Eskimo Freeride со свои два приватни ратраци веднаш се упатија во правец во кој самите верувале дека ќе ги најдат изгубените, по добивање информации за случајот, иако беа советувани да почекаат точни информации и координација со цел поефикасно и побезбедно делување.
ПСС успеа повторно да воспостави контакт со групата, да ги обезбеди нивните точни координати и да ги советува да останат на истата позиција, сé до пристигањето на спасителните екипи. Тие ни потврдија дека ги разбрале нашите упатства и дека сите се во добра состојба. Вработен од Противпожарната служба кој е локален жител, по преглед на последните координати на карта, потврди дека точно знае каде се наоѓа локацијата. Веднаш по ова беше направен краток договор, екипите излегоа не терен и се упатија кон местото на кое беа шесте загубени лица“, се вели во деталниот извештај.

Екипите се упатиле кон групите околу 19часот. Полицијата според наводите на локалниот жител со моторни санки се упатиле кон групата, а членовите од останатите субјекти со приватен ратрак на хотел “Скардус“ ги следеле со подготвен план за спасување и евакуација. По околу половина час, спасителите добиле информација дека полицијата стигнала до групата загубени и дека сите се добри. Од таму, со моторни санки, на неколку пати се префрлени до ратрак на Eskimo Freeride, кој поради густата шума немал услови да дојде до изгубените. По ова групата за спасување се упатила назад кон ски центарот.

„По пат за назад ратракот на Eskimo Freeride претрпел оштетување, поради кое истиот не можел да стигне до локацијата на другиот. Целата група од расипаниот ратрак пешки се упатиле кон вториот ратрак, кој поради габаритите не можел да стигне до првиот. За цело ова време се одржува комуникација меѓу групата за спасување и групата со изгубените, со цел да безбедно пристигнување и евентуална помош. Откако безбедно пристигаат до вториот ратрак на Eskimo Freeride, сите заедно се упатуваат кон ски центарот, каде групата пристигна во хотел Тетекс околу 21 часот“, се објаснува во извештајот.

Според исказите на изгубените се работи за три различни групи кои почнале да скијаат од врвот на жичарата „Церепашина“, при што во услови на густа магла набрзо изгубиле ориентација и следејќи некаква трага од скии (најверојатно од првиот скијач) се упатиле во непознат правец. Подоцна овие три групи се споиле во една, кога и станало јасно дека истите се загубени.

„Настаните на Шар Планина и начинот на кој се понесовме со нив, докажуват дека во Македонија има капацитет и луѓе кои се подготвени да се справуваат со овакви кризи (за разлика од капацитетот на некои наши институции). Жално е што и покрај сите наши долгогодишни напори, државата сèуште не најде за сходно да ги инволвира вистинските професионалци (кои повеќе нема да ги најдете ниту во Федерацијата на планинарски спортови) и во земја во која 74% од територијата се планини конечно да дозволи и да поддржи формирање на професионална планинска сласителна служба. Во меѓувреме некои луѓе замаат плата за оваа работа, притоа седејќи во своите топли канцеларии без ниту еден ден обука или искуство на терен“, вели на крајот на својот извештај раководителот на  Планинска спасителна служба (ПСС), Дарио Милошевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This