ПРОФЕСОРОТ ДАШТЕВСКИ ЗА BИPУCОТ ВО ПPABOCУДСТВОТО: Тенка е границата помеѓу Русковска и Јанева, а да и кај се парите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега ЕУ бара два услови од нас за да продолжи дискусијата за датумот за преговори. Тоа се Законите од областа на правосудството и нивната имплементација и успешно спроведени предвремени парламентарни избори.

Што се однесува до првиот услов на секого му е јасно дека тој не може да се исполни, бидејќи владата која наводно се залага за датум, не сака да отстапи ни малку од своите позиции, а поради тоа е одговорна за реформите беарем до изборите. Како и да е шест месеци да не можете да се договорите за закон кој е од суштествено значење за добивање на датум. Но тоа е само за законите од правосудството, а во делот на имплементацијата состојбата е полоша. Власта повторно ја предлага за раководител на одделението за организиран криминал и висока корупција популарната #ВуРус на социјалните мрежи, односно Вилма Русковска. Таа не е дел од решението, туку дел од проблемот, а тоа во ЕУ добро го знаат. Дотолку повеќе што не постои закон каде што се предлага персонално решение, а особено не од страна на извршната власт.

Изговорот е дека сега барем „се водела постапка“ за разлика од порано, а постапка се води за да не се заврши, односно да се најде начин како да се заштитат пулените на власта, за да Сега ЕУ бара два услови од нас за да продолжи дискусијата за датумот за преговори. Тоа се Законите од областа на правосудството и нивната имплементација и успешно спроведени предвремени парламентарни избори.

Што се однесува до првиот услов на секого му е јасно дека тој не може да се исполни, бидејќи владата која наводно се залага за датум, не сака да отстапи ни малку од своите позиции, а поради тоа е одговорна за реформите беарем до изборите. Како и да е шест месеци да не можете да се договорите за закон кој е од суштествено значење за добивање на датум. Но тоа е само за законите од правосудството, а во делот на имплементацијата состојбата е полоша. Власта повторно ја предлага за раководител на одделението за организиран криминал и висока корупција популарната #ВуРус на социјалните мрежи, односно Вилма Русковска. Таа не е дел од решението, туку дел од проблемот, а тоа во ЕУ добро го знаат. Дотолку повеќе што не постои закон каде што се предлага персонално решение, а особено не од страна на извршната власт.

Изговорот е дека сега барем „се водела постапка“ за разлика од порано, а постапка се води за да не се заврши, односно да се најде начин како да се заштитат пулените на власта, за да не кажат кој од врвот го организирал тоа, иако и врапчињата на гранките свиркаат за кого се работи. Но тој „изговор“ дека сепак се водат постапки не е баш најсоодветен, бидејќи тие најчесто се водат против луѓе од врвот на судската и извршната власт. На пример, против Катица Јанева Специјална јавна обвинителка со посебни овластувања, против потпретседателката на Собранието на Македонија и на владејачката партија Фросина Ременски, против Генералниот секретар на владата Драги Рашковски, против директорот на Фондот за Здравство Ден Дончев, против министерот за Здравство Венко Филипче и против други функционери, а тоа не е баш за пофалба. Ако целокупната гарнитура ви е замешана во корупција, тогаш најдобро е не да водите постапки, туку да си поднесете оставки.

Но овој изговор не може да го прифатат странците, затоа што тие за секој случај си обезбедиле поверодостојни извори, како што рекол Реган „Верувај но провери“. Па така кога клопчето почна да се одмотува Зоран Заев почна да му се заканува на новинарот Александар Митовски дека ќе добие кривична пријава, што подоцна се случи од страна на ОЈО и сега нека раскажува некој дека извршната и правосудната власт не се во спрега. Популарната #ВиРус, во својство на ТВ Ѕвезда, што не е случај во ниедна држава во Европа, иако наводно ненадлежна за тој случај сочно прокоментира дека „новинарот сам си се наместил“ и таа „сама си се намести“ дека е инволвирана во тие местења. Бидејќи го искара водителот на емисијата да не го брани колегата, а не објасни како тоа се наместил.

Па еве сега ќе биде објаснето за јавноста што значи тоа што го објавил овој новинар. Имено, на него од ОЈО му поднеле кривична пријава(која треба да се процесуира, а се надевам дека тоа нема да се случи, затоа што тоа не само што е срамота, туку негативно ќе одекне во ЕУ) за „Оддавање службена тајна“ од Член 360 став 1 кој вели „ Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците што претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.“ Тој „некој“ како што произлегува од текстот треба да е од службата, како што произлегува од оваа квалификација во законот, а не новинар кој ги добил тие информации и кој е должен да ги објави, поради јавниот интерес, како што самата јавна обвинителка милува да каже „Според добрите практики на Венецијанската комисија, јавниот интерес е најважен“. На ваков начин, ако „кртот“ во службата не е пронајден тогаш нема основа за поведување на постапка и би било бесмислено или како што се вика во кривичното право “Contradictio in adjecto” Во поткрепа на тоа е и ставот 4 од истиот член според кој: како службена тајна се сметаат податоците или документите што со закон, со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон се прогласени како службена тајна и чие откривање има или може да има штетни последици за службата, значи тие податоци се однесуваат само на службени лица, а не и на новинари.

Според Европската Декларација за човекови права, секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Како што видовме овие информации не можат да му на штета на авторитетот и независноста на судството, па новинарот сосема уредно си ги објавил. Но дали тука се комплицира друга информација според која истиот новинар постави прашање на прес конференција зошто на одреден датум камерите во Владата на одреден датум биле исклучени, а за среќа нашиот премиер иако направи невина фаца и ја стави десната рака на срцето, одговори дека ќе провери. Бидејќи и по месец дена не му беше одговорено, новинарот објави дека на истиот ден кога биле исклучени камерите две странски служби снимале од околните згради, така што сите информации за тој настан се познати.

Затоа Вилма треба да знае дека таа како прв човек во нејзиниот оддел треба да ја организира и контролира работата на обвинителството, а не да води политика и да дава контрадикторни коментари, да го напаѓа и да му се заканува на лидерот на опозицијата, а да го брани и да го фали Премиерот. Доколку продолжи така треба да знае дека е тенка линијата помеѓу неа и Катица.

А да и кај се парите?мине кажат кој од врвот го организирал тоа, иако и врапчињата на гранките свиркаат за кого се работи. Но тој „изговор“ дека сепак се водат постапки не е баш најсоодветен, бидејќи тие најчесто се водат против луѓе од врвот на судската и извршната власт. На пример, против Катица Јанева Специјална јавна обвинителка со посебни овластувања, против потпретседателката на Собранието на Македонија и на владејачката партија Фросина Ременски, против Генералниот секретар на владата Драги Рашковски, против директорот на Фондот за Здравство Ден Дончев, против министерот за Здравство Венко Филипче и против други функционери, а тоа не е баш за пофалба. Ако целокупната гарнитура ви е замешана во корупција, тогаш најдобро е не да водите постапки, туку да си поднесете оставки.

Но овој изговор не може да го прифатат странците, затоа што тие за секој случај си обезбедиле поверодостојни извори, како што рекол Реган „Верувај но провери“. Па така кога клопчето почна да се одмотува Зоран Заев почна да му се заканува на новинарот Александар Митовски дека ќе добие кривична пријава, што подоцна се случи од страна на ОЈО и сега нека раскажува некој дека извршната и правосудната власт не се во спрега. Популарната #ВиРус, во својство на ТВ Ѕвезда, што не е случај во ниедна држава во Европа, иако наводно ненадлежна за тој случај сочно прокоментира дека „новинарот сам си се наместил“ и таа „сама си се намести“ дека е инволвирана во тие местења. Бидејќи го искара водителот на емисијата да не го брани колегата, а не објасни како тоа се наместил.

Па еве сега ќе биде објаснето за јавноста што значи тоа што го објавил овој новинар. Имено, на него од ОЈО му поднеле кривична пријава(која треба да се процесуира, а се надевам дека тоа нема да се случи, затоа што тоа не само што е срамота, туку негативно ќе одекне во ЕУ) за „Оддавање службена тајна“ од Член 360 став 1 кој вели „ Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците што претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.“ Тој „некој“ како што произлегува од текстот треба да е од службата, како што произлегува од оваа квалификација во законот, а не новинар кој ги добил тие информации и кој е должен да ги објави, поради јавниот интерес, како што самата јавна обвинителка милува да каже „Според добрите практики на Венецијанската комисија, јавниот интерес е најважен“. На ваков начин, ако „кртот“ во службата не е пронајден тогаш нема основа за поведување на постапка и би било бесмислено или како што се вика во кривичното право “Contradictio in adjecto” Во поткрепа на тоа е и ставот 4 од истиот член според кој: како службена тајна се сметаат податоците или документите што со закон, со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон се прогласени како службена тајна и чие откривање има или може да има штетни последици за службата, значи тие податоци се однесуваат само на службени лица, а не и на новинари.

Според Европската Декларација за човекови права, секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Како што видовме овие информации не можат да му на штета на авторитетот и независноста на судството, па новинарот сосема уредно си ги објавил. Но дали тука се комплицира друга информација според која истиот новинар постави прашање на прес конференција зошто на одреден датум камерите во Владата на одреден датум биле исклучени, а за среќа нашиот премиер иако направи невина фаца и ја стави десната рака на срцето, одговори дека ќе провери. Бидејќи и по месец дена не му беше одговорено, новинарот објави дека на истиот ден кога биле исклучени камерите две странски служби снимале од околните згради, така што сите информации за тој настан се познати.

Затоа Вилма треба да знае дека таа како прв човек во нејзиниот оддел треба да ја организира и контролира работата на обвинителството, а не да води политика и да дава контрадикторни коментари, да го напаѓа и да му се заканува на лидерот на опозицијата, а да го брани и да го фали Премиерот. Доколку продолжи така треба да знае дека е тенка линијата помеѓу неа и Катица.

А да и кај се парите?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This