Професорот Цуцуловски го објави најновиот Апел за составување на влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АПЕЛ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ВЛАДА. Драги пријатели, по некои само мене достапни канали дојдов до најновиот Апел за составување на новата Влада на Република Македонија, со што ќе ја имате привилегијата први да се запознаете со Апелот, пред да го објават регуларните медиуми. Апелот го пренесувам во нешто скратена форма. Сепак, се надевам дека ќе имате разбирање за тоа. Еве ги главните акценти од Апелот:

ljubomir-cuculovski640

„Ние долу потпишаните интелектуалци, заедно со другите граѓани и граѓанки, недвосмислено констатиравме дека ситуацијата во Република Македонија е толку лоша што е веќе неиздржлива. Меѓутоа, токму нејзината неиздржливост нѐ принудува да издржиме за да докажаме дека и неиздржливоста е издржлива. Издржувајќи ја неиздржливоста, ние само докажуваме колку е голема нашата моќ, бидејќи само малодушните и луѓето без моќ не можат да го издржат неиздржливото. За разлика од нив (неиздржливите) ние (издржливите) ќе докажеме дека моќта не е во неиздржување на неиздржливото, туку во негово издржување. Ако го издржиме неиздржливото, ние на најдиректен начин ќе докажеме дека тоа (неиздржливото) само се чини неиздржливо, додека во својата суштина тоа е толку никакво што не ни такво, односно никакво. Прашањето за тоа какво е тоа никакво, кое не е ни никакво, го оставаме за некоја друга прилика. Сега е битно да се докаже дека и неиздржливото е издржливо, односно дека е тоа (неиздржливото) најобична илузија, спинувана од секого и, особено, од никого како таков. Затоа, ние како такви, апелираме и понатаму да се гради и негува неиздржливото – онака како што во нашите срца ја гаиме љубовта кон сѐ и сешто и кон уште понешто – за да покажеме колку и да е неиздржливо, ќе го издржиме и ќе покажеме дека сѐ, ама сѐ, е спинувано и фингирано од одредено неодредени кругови, сѐ со цел да се замае замаениот народ, што е сосема неможно, бидејќи ако народот е замаен и да сакате да го замаете не ќе можете да го замаете. Тоа е исто како да се обидете скршеното да го скршите, влажното да го навлажнете, мртвото да го домртвите, односно замаенето да го замаете. Но тоа, едноставно, не е можно. Водени од вие причини, како и од многу други непричини, ние долупотпишаните го донесуваме следниов

АПЕЛ

Граѓани и граѓанки, другари и недругарки, да ги мобилизираме нашите сили во една синергична енергија и да докажеме дека и неиздржливото е издржливо. Толку од нас. Боже Амин!

Во Скопје, 16.01.2017.
Професор и доктор, меѓутоа и магистер по науки, како и вонреден домаќин и готвач.
Професор,
Љубомир Цуцуловски, своерачно.

Следат 101 еден непотпис, како и уште многу други потписи, заедно со приложените непотписи…“

P.S. Тоа беше, драги читатели, дел од овој многу значаен, дури и историски значаен Апел. Секоја сличност со Апелот на некои други потпишани, како и непотпишани интелектуалци е случајна и, како таква, ненамерна. Ура,Ура, Ура!!! С.Ф.С.Н.

ФБ статус на универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This